Смртта на Еуген Фос

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Смртта на Еуген Фос“ (српски: Смрт Еугена Фоса) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.

Содржина[уреди | уреди извор]

По пензионирањето како машиновозач, Стево Ножица се враќа во родната куќа во Лика и го затекнува стрико му Стево Петохљеб како наслушува, барајќи го часовникот од неговиот дедо. Опседнат од постојаната потрага по часовникот, Стево Петохљеб се разболува, па го праќа својот внук Стево Ножица да појде во Банат за да го разгледа имотот на кој треба да се пресели. Стево Ножица пристигнува во Банатски Карловац, ја разгледува куќата, а на гробиштата дознава за смртта на поранешниот сопственик на имотот, Германецот Еуген Фос кој погинал некаде во Лика во 1943 година. Кога се враќа дома, Стево Ножица го затекнува стрико си болен, но сепак сите заминуваат за Банатски Карловац и се вселуваат во новата куќа. Таму, Стево Петохљеб повторно слуша чукање на часовник и тогаш неговиот внук сфаќа дека старецот цело време си го слуша своето срце. Набргу, Стево Петохљеб умира и го закопуваат во близината на гробот на Еуген Фос.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 59-66.