Запис на коњско ќебе

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Запис на коњско ќебе“ (српски: Сапис на коњском ћебету) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот бил објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во 18 век, во Белград постоеле палати со посебни ходници во кои се движеле слугите, направени со цел тие да не ги вознемируваат оние кои живееле во палатите. Истовремено, со тоа се спречувал контактот меѓу жителите во палатите и нивните слуги, на кои им било строго забрането да зборуваат. Еден од слугите бил Павле Грубач, кој ја прекршил таа забрана. Тој им зборувал на луѓето кои биле присутни од другата страна на ѕидовите, во собите, иако не било познато што им кажувал. Меѓутоа, тој бил откриен и за казна заедно со жена му биле протерани од градот. Кога го напуштале Белград, Павле и жена му биле покриени со конњско ќебе на кое била опишана приказната поврзана со протерувањето на Адам и Ева од рајот; по протерувањето, тие заспале крај Дунав и направиле два града на спротивните брегови од реката, кои подоцна ги добиле имињата Белград и Земун.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 161-164.