Ропството на Стојан Јанковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ропството на Стојан Јанковиќ (српски: Ропство Јанковиһа Стојана) - српска епска (јуначка) песна.

Содржина[уреди | уреди извор]

Откако го освоиле Котор, Турците ги заробиле братучедите Стојан Јанковиќ и Илија Смиљаниќ, а потоа ги однеле кај царот во Истанбул, кој ги потурчил. Таму, братучедите седеле девет години и седум месеци, а еден петок, додека царот и царицата биле на прошетка, тие побегнале дома и притоа со себе грабнале големо богатство. Илија си заминал во својот дом, а Стојан отишол да го види лозјето. Таму ја сретнал мајка си, која работела во лозјето и го оплакувала, а од неа дознал дека за тој ден била закажана свадбата на неговата жена. Стојан отишол дома, а таму го пречекале сватовите. Кога тој запеал песна, веднаш го препознале неговата сопруга и сестра му. Притоа, Стојан ги дарувал сватовите, а на зетот му ја дал својата сестра. Вечерта, мајка му се вратила од лозјето, сè уште оплакувајќи го синот, но снаата ѝ кажала дека Стојан се вратил. Штом го видела, мајка му веднаш умрела.[1]

Осврт кон песната[уреди | уреди извор]

Мотивите во „Ропството на Стојан Јанковиќ“ имаат паралела во руската песна за Добриња.[2] Стојан Јанковиќ е опишан како лута змија под камен, со раскошна облека и оружје, со мустаќи до рамената, секаде како да никнува од земјата и сее страв и трепет. Од неговиот здив се виткаат гранките на елките, а дури со врзани раце тој е способен да убие седуммина непријатели.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ропство Јанковиһа Стојана“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 396-400.
  2. В.Ђ., „Поговор - О интернационалним мотивима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 486.
  3. Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 18.