Ристо Угриноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ристо Угриноски
Роден 1925 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал април, 1945 година
Славонска Пожега, Хрватска
Националност Македонец

Ристо Кирилов Угриноски ( 1925 во Кичево1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од работничко семејство кое не можело да му овозможи да се школува. По завршувањето на основното училиште заминал на печалба во Земун каде работел како пекарски работник. Како напреден младинец, се вклучил во акцијата на КПЈ - во работничките демонстрации, поради што за време на окупацијата бил принуден да бега од Земун и дошол во Битола каде работел како пекарски работник, а од пролетта 1943 година учествувал во работата на СКОЈ. Прогонуван од бугарскиот фашистички окупатор, во пролетта 1944 година со неколку свои другари се упатил во планината Караорман и стапил во Првата македонска бригада. Учествувал во борбите за ослободување на: Охрид, Струга и Кичево, а потоа во составот на Петнаесетиот македонски корпус заминал на Сремскиот фронт каде загинал во борба со германците во април 1945 година во близината на Славонска Пожега.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 144.