Ринеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ринеја
Ρήνεια
Ринеја is located in Грција
Ринеја
Ринеја
Географија
АрхипелагКиклади
Површина14 км2
Највисоко издигнување136 м
Управување
Грција
ОбластЈужен Егеј
ОкругМиконос
Демографија
Население0 (2001)
Поштенски код846 00
Обласен код(ови)22890
Регистарска табличкаEM

Ринеја (Ρήνεια), антички Ренеја (старогрчки: Ῥήνεια) или Ренаја (Ῥηναῖα),[1] или Рена (Ῥήνη),[2]грчки остров на Кикладите. Се наоѓа веднаш западно од островот Делос и понатаму југозападно од островот Миконос. Ринеја е административно дел од Миконос, исто како што е и Делос. Неговата површина е 14 км2. Имал малку население до 1980-тите, но, моментално островот е ненаселен.

Во античко време, островот бил покорен од тиранинот Поликрат од Самос и бил посветен на Делискиот Аполон. Јужната половина на островот била некрополата Делос.[1] Во шестата година од Пелопонеската војна (426 пр.н.е.), Атињаните го прочистиле Делос. Тие ги отстраниле сите гробници од островот и забраниле умирање на Делос на религиозна основа. Било прогласено дека отсега е незаконско било кое живо суштество да се роди или да умре на Делос, и дека секоја трудница треба да биде пренесена на островот Ренеја за да се породи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Public Domain Смит, Вилијам, уред. (1854–1857). „Delos“. Речник на грчката и римската географија. Лондон: John Murray.
  2. Лундски универзитет. Дигитален атлас на Римското Царство. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]