Рефлексологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рефлексологија
Медицинска процедура

Пример на рефлексологија, приказ на зони на стапалата за кои се верува дека секоја од нив ја стимулира работата на одреден орган.
ICD-9-CM 99.9
MeSH D000529

Рефлексологијата претставува стара холистичка терапија што се темели врз стимулирање на рефлексните точки кои се наоѓаат во стапалата.

Предности[уреди]

Рефлексологијата е одлична за телото, умот и духот, посебно во период кога е зголемено нивото на стрес. Рефлексологијата опушта, смирува и го потикнува телото да се ослободи од токсините и нечистотиите, исто така ја подобрува и циркулацијата во телото. Рефлексологијата има моќ да го подобри нивото на енергија со што прдизвикува ослободување од стресот и напнатоста.

Третмани со рефлексологија[уреди]

Некои болести и состојби може да бараат повеќе третмани и затоа не може да се очекува подобрување веднаш после првиот третман, потребни се околу шест третмани за да се забележат значајни промени. Третманите започнуваат со нежно чистење на стапалата и глуждовите, а потоа започнува и самата масажа проследена со многу техники на масирање, со цел да се ослободи блокираната енергија и природните лековити моќи на телото. После секој третман препорачливо е пиење на големи количества вода за телото да може да се ослободи од токсините и да се намали ризикот од појава на блага главоболка и замор.

Пример на шема за рефлексологија на рака.

Како помага рефлексологијата?[уреди]

Рефлексологијата делува превентивно, но може да ублажи или излечи состојби како:

  • несоница;
  • висок крвен притисок;
  • мигрена, главоболка и хронично воспаление на синусите;
  • нарушувања во дигестивниот систем;
  • болка во долниот дел од грбот, рамената и вратот;
  • стрес и напнатост;
  • симптоми на артритис;
  • неплодност.

Непрепорачлива[уреди]

Рефлексологијата никогаш не претставува замена за медицинската терапија, но сепак постигнувањето рамнотежа во телото може да го подобри човечкото здравје. Не се препорачува правење третмани при: