Разговор со корисник:Kiril Simeonovski/Архива 21

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

ЛОИ 2012 - Атлетика[уреди извор]

Како што започнаа натпреварите во атлетика, така денеска ја отворив статијата, за да ја дополнам со победниците од синоќешните завршени дисциплини, а воедно сакајќи и да ги создадам соодветните статии за тие дисциплини, забележав дека во целата статија дисциплинините се именуваат: Атлетика на Летните олимписки игри 2012 - мажи фрлање ѓуле; мажи 100 метри; жени 10.000 метри итн. Лично сметам дека многу подобро би гласело фрлање ѓуле за мажи; 100 метри за мажи итн., имено јас во создавањето на статиите поврзани со велосипедизмот, цело време го користам овој формат. Не сакав своеволно да ги извршам овие промени, па затоа те замолувам за твое мислење. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 11:39, 4 август 2012 (CEST)[одговори]

Здраво. Мене, исто така, ми се допаѓа на тој начин да бидат запишани имињата на дисциплините, а можеш да забележиш во некои од моите уредувања дека и јас го користам истото (пр. Летни олимписки игри 1896). Свесен сум дека има разлики во поглед на тоа како да бидат запишани, па можеби би било неопходно да воведеме и еден вид на водич при именувањето на овие дисциплини.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:57, 4 август 2012 (CEST)[одговори]
Во тој случај ќе ги именувам статиите на овој начин. Само уште едно мало прашање, забележав во посочената статија за ЛОИ 1896, дека имаш употребувано 100 m, па затоа сакав да прашам дали е подобро 100 метри или 100 м или пак 100 m. А ова за водичот е многу добра идеја. Благодарам за брзиот одговор --Ehrlich91 (разговор) 13:10, 4 август 2012 (CEST)[одговори]
Како штѕо знам правило е да се користат сите подеданкво: „m“, „м“ и „метри“. Но, стилистички би било подобро да биде кратенка, бидејќи и онака насловот е премногу долг. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:25, 4 август 2012 (CEST)[одговори]
Добро. Подоцна во текот на денот ќе ги применам овие промени, воедно ќе го создадам и шаблонот за сите дисциплини, за полесна прегледност на сите дисциплини. --Ehrlich91 (разговор) 13:30, 4 август 2012 (CEST)[одговори]

Желба за враќање...[уреди извор]

Еј, можеби ме памтиш можеби не. Како и да е, пред неколку месеци си ми пишал за мое евентуално враќање. Ти пишав штом видов, но не добив одговор. Сега сакав само да те поздравам и да те прашам ако се уште стои понудата јас сум тука. Овој пат стварно сакам да се вратам. Ако си расположен и слободен пиши ми и ако се уште ја имаш идејата за книжевни дела само кажи... Огоромен поздрав --Макс(разговор) 16:20, 7 август 2012 (CEST)[одговори]

Супер! Мислам знам дека можам одма да уредувам, иако имам малку позаборавено како стојат работите, ама се враќам во форма. Мислев дека имаш нешто во план затоа и те контактирав. Но најверојатно само си сакал да ме поттикнеш да се вратам, потребни се повеќе кориснции јасно ми е. ОК супер. Ако треба нешто те контактирам. Ама мислам дека сум у тек, така што ако треба нешто остави ми порака (иако и до сега ми имаш постојано оствано). Уште еден поздрав и пријатно уредување... --Макс(разговор) 16:39, 7 август 2012 (CEST)[одговори]
Заборавив колку само уживав додека пишував. Се фаќам за работа, можеби не преку проектот но ќе видам. Знам дека прокетите кај нас се занемарувани, ама ќе видиме. Фала за поддршката. Позз --Макс(разговор) 16:46, 7 август 2012 (CEST)[одговори]

Вандализам.[уреди извор]

Еј сакав само да те замолам нешто да видиш. Денес приметив како постојано ми пристигнуваат нови пораки, а немам ништо на страницата за разговор. И отидов во историја и забележав дека некој корисник од повеќе IP адреси ја бришел содржината на мојата страна и пишувал: Macedonia is Greece. Штом ќе го направел тоа некој корисник Hosiryuhosi ќе ги поништел уредувањата. Можно е да било јавено на некој од администраторите, а можеби и не, во секој случај сакав да те известам да провериш да не треба да се блокира. Не го познавам корсникот така што не знам зошто би ми помагал/одмагал. Поздрав и благорадам однапред --Макс(разговор) 17:21, 15 август 2012 (CEST)[одговори]

Имам забележано дека некој вандализирал повеќе кориснички стании на разговор и тоа од повеќе IP адреси, но мислам дека сите IP адреси се веќе блокирани на неколку дена. Благодарам на известувањето.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:54, 15 август 2012 (CEST)[одговори]

Мислење за категорија[уреди извор]

Здраво Кирил, како оди... Последните денови сакам да ги подредам категориите околу Македонија и Македонците, па сакам едно твое мислење. Имено, направив [Категорија:Македонци во Чешка], и според мене овде треба да ги категоризираме оние Македонци кои се родени во Македонија, но живеат во Чешка, а исто така направив и [Категорија:Чеси со македонско потекло] каде треба да ги категоризираме оние Чеси кои имаат македонско потекло, но се родени во Чешка. Молам за твое мислење дали сум во право, за да почнам и другите да ги создавам. Поздрав--Тиверополник (разговор) 12:32, 24 август 2012 (CEST)[одговори]

Фала Кирил, поздрав--Тиверополник (разговор) 18:59, 24 август 2012 (CEST)[одговори]

Квалитетни ревизии[уреди извор]

Кире, ај те молам прочитај го ова: Википедија:Селска чешма#„Проверена“ и „добра“ ревизија: предлог!. --Brainmachine (разговор) 16:24, 28 август 2012 (CEST)[одговори]

Кириенка[уреди извор]

Мене ми делува сосем добро, нема никаков проблем. Воедно, само фала за дополнувањето можам да кажам, воопшто не е проблем. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:00, 28 август 2012 (CEST)[одговори]

Уредничка војна[уреди извор]

Здраво Кирил. Би сакал да ти посочам две статии каде одбивам промени, но уредувачот упорно ја враќа истата на старо. Првата е Израелска академија на науките и општествени науки каде логото го преместувам од десна страна, бидејќи мислам дека поставувајќи го лево изгледа многу неуредено и со оглед на тоа што има уште една слика паралелно од логото, почетните два пасуса изгледаат премногу збиено. Веќе трет пат корисникот си ја враќа статијата по негово. Другата статија е за Матеја Матевски каде и ти, исто така, си го отстранил уредувањето на корисникот 178.40.40.57, а истот претставува втор негов обид поради што мислам дека треба да се превземат соодветни мерки. Поздрав Kekev (разговор) 12:34, 29 август 2012 (CEST)[одговори]

Мајкл Фелпс[уреди извор]

Здраво Кирил. Би те замолил да ја номинираш Википедија:Кандидати за избрана статија/Мајкл Фелпс во тековните номинации за избрана статија, бидејќи мислам дека статијата заслужува да биде избрана статија. Поздрав :) TheGreatMKD (разговор) 13:54, 1 септември 2012 (CEST)[одговори]

Статијата веќе била предложена, па требало само да биде додадена во сооштението. Го средив и тоа. Позз.:)--Kiril Simeonovski (разговор) 18:45, 1 септември 2012 (CEST)[одговори]

Математичка ознака[уреди извор]

Здраво Кирил. Доколку можеш погледни ја статијата Економетрија и поправи ја математичката ознака во третиот пасус, каде наместо Unemployment треба да стои Невработеност. Кога јас се обидов да го направам тоа ми го означува како лексичка грешка. Благодарам однапред. Поздав Kekev (разговор) 22:38, 5 септември 2012 (CEST)[одговори]

Има некој проблем кај математичките формули и не може да се запишува текст на кирилица. Не знам како би можеле да го решиме тоа, а ми се има случувано и претходно. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:40, 5 септември 2012 (CEST)[одговори]

Благодарам Кирил... поздрав--Јоханес Климакус (разговор) 13:43, 6 септември 2012 (CEST)[одговори]

Прашање: Книги[уреди извор]

Здраво Кирил, како си? Гледам си создал книга за скопската чаршија, па сакам да те прашам дали има опција кога вметнуваш страници во Книга, наместо цела страница да вметнеш само одреден дел од неа. Едно време сакав да направам книга Историја на Русија. На нејзината главна страница има податоци од памти век до денес. Е сега статијата на пример за Петар Велики е многу поопширна отколку во делот за него во Историја на Русија. Мислам дека ме разбираш што сакам да те прашам. Доколку не е изводливо, дали може да се создаде книга на пример Корисник:Тивериополник/Историја на Русија, и од таму да биде направена таа книга. Поздрав

Здраво. Јас денес за првпат ја употребив алатката за создавање на книга, така што и мене ме збуни тоа што книгата не испадна како што треба и морав да додавам дополнителни статии коишто понатаму не се појавија во книгата. Не знам што да ти одговорам, но во прозорецот за создавање на книгата имаше некои можности да се именува книгата по корисничко име, а можеби и постои можност да се извади и додаде само дел од статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:47, 9 септември 2012 (CEST)[одговори]

конференција на Централна....[уреди извор]

Задраво Кирил... има печатна грешка, ако сакаш да поправиш... поздрав... Се известуваат сите кроисници--Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 13:49, 13 септември 2012 (CEST)[одговори]

Ок Поправено. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:04, 13 септември 2012 (CEST)[одговори]

Многу сум благодарен за наградата и ќе се потрудам да изработувам што подобри статии. Имам една молба во врска со статиите. На страниците за албуми на Металика и за албумот Killing is my business не ми ги покажува сликите што ги ставив. Ако можеш да ги наместиш да се гледаат ќе ми направиш голема услуга. Поздрав, Игор. П.С. Те молам смали ја и сликата на страната за Клиф Бартон.

Прашање[уреди извор]

Здраво Кирил. Имам прашање, како можам да ставам слики на википедија, неможам да се снајдам пробав неколку обиди но неуспешно, слики сеуште немам ставено. А и онаа табелчето кое секогаш стои десно, со општи податоци како може да се намести и на мојата статија Стиховно Војување. Благодарам однапред, Христијан.--Kristijannn (разговор) 15:09, 19 септември 2012 (CEST)[одговори]

Здраво Христијан. Поставувањето на слики е малку посложена работа, бидејќи најпрво треба да се уверите дали сликите коиѓшто сакате да ги поставите се подигнати и постојат на Википедија на македонски јазик. Во случај тоа да е така, тогаш од алатникот за уредување е потребно да ја изберете алатката со врамена слика и да ги следите упатствата до крај. Откако ќе завршите со пополнување на образецот, сликата ќе биде поставена во статијата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:59, 19 септември 2012 (CEST)[одговори]

Прашање[уреди извор]

Здраво Кирил. Дали знаеш како е правилно - корист или корисност? На пример: максимизирање на корист кај потрошувачите или ... на корисност кај ... ? Поздрав. Kekev (разговор) 02:06, 21 септември 2012 (CEST)[одговори]

Според она што се среќава во учебниците по економски предмети на македонски јазик, правилно е „максимизирање на корисноста кај потрошувачите“. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 04:03, 21 септември 2012 (CEST)[одговори]
Уште нешто. Шаблонот Економија би требало да го преименуваме поради потребата да се создаде овој шаблон. Јас би го направил тоа, но немам идеја како да го преименувам, па решив да се консултирам со тебе. Kekev (разговор) 19:11, 21 септември 2012 (CEST)[одговори]
Се сеќавам дека сличен проблем имаше и со овие шаблони во врска со шахот, па шаблонот на извлекување којшто се појавува отстрана го именував како „страничник“ (Шаблон:Шах (страничник)), додека оној којшто се додава на крајот од статијата го оставив како главен шаблон (Шаблон:Шах). Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:15, 21 септември 2012 (CEST)[одговори]

Мислење[уреди извор]

Ме интересира твое мислење за статијата Еминем. Дали е доволно долга, треба да се продолжуваат ли деловите, ако продлжам вака дали би била добра за гласање итн. Поздрав. --Digor (разговор) 20:00, 21 септември 2012 (CEST)[одговори]

Не можам да кажам уште од сега, бидејќи статијата содржи поднаслови без содржина под нив, но судејќи по содржината во останатите, би можело да се каже дека ќе биде доволно. Статијата на Википедија на англиски јазик изгледа доста добро, па би можела да послужи како добар критериум во поглед на содржајноста. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:15, 21 септември 2012 (CEST)[одговори]

Место во Германија[уреди извор]

Кирил, проблемот во врска со поставеноста на картата на Германија во самата инфокутија сè уште е присутен. Картата од пред една недела е поместена кон лево, иако притоа нема никакви промени во самата инфокутија. Навистина не знам што би можел да биде проблемот, а бидејќи не се ни подобри изминативе денови, решив да ти пишам да го разгледаш проблемот и ако најдеш што е, да се поправи. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:43, 24 септември 2012 (CEST)[одговори]

Како што можеш и сам да забележиш (пр. Плауен) проблемот не е до инфокутија. Добар обид со поправката во инфокутијата, ама безуспешно. Друг проблем ќе да е. --Ehrlich91 (разговор) 23:14, 24 септември 2012 (CEST)[одговори]
Сè што можев да направам е да додадам уште еден вид на карта во инфокутијата. Не знам онавистина како дошло до поместување на картата, но се надевам дека по подолга анализа ќе може да се најде причината за проблемот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:34, 24 септември 2012 (CEST)[одговори]

Повторно поздрав[уреди извор]

Здраво Кире. Јас сум Игор, само што сум логиран на нова сметка. Зашто имаше проблеми на онаа старата Digor, решив да ја направам оваа. Би те замолил ако може повторно да ми ги доделиш уредувачките права кои ги имав отпорано. Фала за разбирањето. --Вик Ретлхед (разговор) 07:21, 28 септември 2012 (CEST)[одговори]

Ок Уредувачките права се доделени. Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:34, 29 септември 2012 (CEST)[одговори]

Баклава за Вас. Бујрум![уреди извор]

Zdravo ! Edina Sinanovik (разговор) 15:56, 2 октомври 2012 (CEST)[одговори]

Благодарам!--Kiril Simeonovski (разговор) 19:49, 2 октомври 2012 (CEST)[одговори]

Мислење[уреди извор]

Поздрав Кире. Еве, ти се обраќам тебе како најупатен администратор околу избирањето добри статии. Ме интересира што мислиш за Никола Пусен. Активно ја уредувам веќе 4 дена, па мислам дека има потенцијал да биде изгласана. Те молам прегледај ја, пиши ми кои недостатоци треба да се поправат или дали нешто треба да се додаде. Ако е се ОК, би можела да оди на рецензија и низ сите тие филтри, па после да биде номинирана. Твоја оцена би била добредојдена. Пријатно и се слушаме наскоро.--Вик Ретлхед (разговор) 10:46, 3 октомври 2012 (CEST)[одговори]

Здраво. Мислам дека статијата може во овој облик да биде промовирана во „добра“, иако е потребно да се додадат уште надворешни врски и литература. Сепак, за статијата да биде предожена за „избрана“ неопходно ќе биде додавање на поголем број на наводи. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:44, 3 октомври 2012 (CEST)[одговори]

Ако може да ми кажеш отприлика колку наводи се потребни?

Нема точно утврдена граница за бројот на наводи, а тоа најмногу зависи од структурата на содржината на статијата. Гледам дека изворите се наведени на крајот од секој дел, така што претпоставувам дека веродостојноста на целиот текст се потврдува со тој навод. Можеби нема да биде лошо да ја предожиш статијата за избрана и таму да видиме што ќе речат другите во поглед на нејзиниот квалитет. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:12, 3 октомври 2012 (CEST)[одговори]

Пак јас, Кире. Ја предложив статијата за номинирана, ама нешто запна и не излегува на огласната табла. Ако можеш да видиш што е работата.--Вик Ретлхед (разговор) 16:35, 4 октомври 2012 (CEST)[одговори]

Околу музичките семплови[уреди извор]

Поздрав Кире. Ај ако можеш направи ги аудио примероците на страната на Мегадет. И те молам пиши ми како и јас можам да ги поставувам.--Вик Ретлхед (разговор) 08:11, 11 октомври 2012 (CEST)[одговори]

А она околу номинацијата ќе можеш да видиш што е работата?--Вик Ретлхед (разговор) 13:46, 16 октомври 2012 (CEST)[одговори]

Па бидејќи дел од останатите корисници смета дека Мегадет има потенцијал да биде избрана статија, би можел ли повторно да ја ставиш на гласање?--Вик Ретлхед (разговор) 09:56, 24 октомври 2012 (CEST)[одговори]

Е, и уште нешто. Ако си во можност, направи листа на поврзани статии со статијата Лукреција. Фала ти многу и поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 10:15, 24 октомври 2012 (CEST)[одговори]

За романите[уреди извор]

Кире, ми се јави еден проблем додека ги уредував романите Процес и Војна и мир. Ми се избришаа шаблоните каде се наоѓаат кориците на книгиве, па ако си во состојба, те молам порави ги. Прати ми и текст кој треба да го вметнам при подигање слики за корици на книги. Ајде, се слушаме. --89.205.14.252 (разговор) 11:51, 3 ноември 2012 (CET)[одговори]

Здраво[уреди извор]

Здраво, Кирил! Я увидел твою страницу на русском и немножко подправил. ;-) Я оставил твой стиль, так как не знал, как лучше сделать. Удачи!

Пс. я нашел твои координаты в описании викивстречи мк-ук. Я с Украины, хочу попасть в Македонию. С интересом читаю (сейчас) про встречу. Фотки уже глянул. Жалко, что мало фоток. У тебя фотка есть? Мои фотки есть на моей странице в украинской википедии.

С уважением, --Nickispeaki (разговор) 11:59, 4 ноември 2012 (CET)[одговори]

http://commons.wikimedia.org/wiki/File:WMUA_%26_WMMK_meetup_in_Skopje.jpg ты тут есть? --Nickispeaki (разговор) 12:01, 4 ноември 2012 (CET)[одговори]

Помош околу Херман Хесе[уреди извор]

Поздрав Кире. Доколку имаш такво овластување, би можел ли категоријата „Творештвото на Херман Хесе“ да ја преименуваш во Дела од Херман Хесе. Тоа е прво, а второто е категоријата „Новели од Хесе“ да се вика Романи од Херман Хесе. Не му смета и така да остане, но чисто за да се задржи принципот според кој се уредени и другите шаблони за писатели. Поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 11:50, 7 ноември 2012 (CET)[одговори]

Ок Категориите се преименувани.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:02, 7 ноември 2012 (CET)[одговори]

Фала многу за тоа. А да те прашам, зашто шаблонот за Кафка не се отвора кога ќе стиснам преглед?--Вик Ретлхед (разговор) 12:08, 7 ноември 2012 (CET)[одговори]

Го средив и тоа. Името на шаблонот во самата страница било запишано со латинични букви. Види ја промената од моето последно уредување на страницата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:15, 7 ноември 2012 (CET)[одговори]

Околу кандидатурата[уреди извор]

Добра вечер Кире. Еве, да ти пишам дека ја пополнив кандидатурата за оценувач и одговорив на поставените прашања. Па, да ми кажеш за колку време ќе ги знаеме резултатите?

  • Видов и дека ја обновуваш главната страница на Википедија, па пратив еден интересен факт во врска со Мегадет. Ако мислиш дека е доволно занимлив, можеш слободно да го поставиш. Толку од мене засега. Лека ноќ. Вик Ретлхед (разговор) 01:39, 10 ноември 2012 (CET)[одговори]
    • Кандидатурата е во ред и е објавено во соопштението дека е во тек дискусијата и гласањето. Фактот ќе го разгледам дополнително и ќе одговорам на страницата за разговор. И не заборавај дека и таму треба да се потпишуваат коментарите, иако има неколку предлози коишто не се потпишани.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:02, 10 ноември 2012 (CET)[одговори]

Проблем со шаблон[уреди извор]

Здраво Кирил. Има некој проблем со шаблонот Шаблон:Infobox swimming event, и во сите статии во кој е вметнат, државите на медалистите не ги покажува како врска. Еве пример: Пливање на Летните олимписки игри 2012 – 100м делфин во машка конкуренција. Поздрав. TheGreatMKD (разговор) 12:39, 11 ноември 2012 (CET)[одговори]

Не можам да најдам во што е птоблемот. Најверојатно станува збор за некои проблеми во самиот шаблон. Ќе земам ќе го разгледам детално, па ќе ти пишам повторно. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:12, 12 ноември 2012 (CET)[одговори]