Разговор со корисник:Gorjan

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Gorjan, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Just doing my job[уреди извор]

Среќа - се обидувам да бидам што е можно почесто во контакт со скорешните промени. Барем додека имам време. Патем, одлична работа вршиш - еден од ретките си (ако не и единствениот) кој се занимава со пишување на статии за НБА, кошарка и сл. И патем - кога веќе ти пишувам - кој го има блокирано два пати Џабаровиот хорок (пред неколку минути случајно прочитав во твојата статија за тоа дека само шест пати бил блокиран sky hook-от на Џабар, само што има наброено пет играчи)? И онака мислев да побарам, па, ако знаеш - пиши, да не се мачам. И патем, keep up the good work. --Виктор Јованоски 20:32, 13 февруари 2008 (UTC)

Категории[уреди извор]

Горјан, не мора да ги правиш категориите, ти реков ќе се погрижам за тоа. Има некои специфични работи за категориите, остави ги црвени линковите, јас ќе ги средам. --Поречанец A? 16:22, 29 февруари 2008 (UTC)

има финта за то[уреди извор]

за тие никулците има „финта“ :) не дека е финта, ама да ти кажам како оди. значи наместо секоја статија да ја категоризираш посебно, во шаблонот за никулец за кошаркар клаваш дека спаѓа во категорија никулци за кошаркари и автоматски сите статии шо го имат шаблонот ќе одат во таја категорија-полесно.ако треба нешто помош за пишење бришење кажи.поздрав

--Guitardemon666 20:37, 3 март 2008 (UTC)

еј, за кошаркарските тимови-пример КК Свисслион Пелистер е името годинава, шо незначи дека нема да се смени догодина, зато, името на статијата е КК Пелистер Битола, исто како за Струмица. Сега се вика Струмица 2005, ама некогаш се викаше Огражден, така? Важно името во основа е КК Струмица, а истиот принцип е запазен и на en.wiki - значи статиите го носат она „стално“ име, а моменталното име пренасочува кон тоа стално :)

ете така, поздрави --Guitardemon666 17:30, 10 март 2008 (UTC)

За сликите[уреди извор]

Нема врска дали се заштитени со авторски права или не, туку дали е подигната на wikicommons или не. Во случајов тие веројатно не се, па така треба да ги симнеш од en.wiki и да ги подигнеш на mk.wiki (и те молам користи ги соодветните лиценци видејќи имаме проблеми со многу нелиценцирани слики).

--Guitardemon666 19:24, 19 март 2008 (UTC)

Фудбалери[уреди извор]

Доколку сметаш дека се е безредие, повели поправи се--Астрион 14:05, 22 мај 2008 (UTC)

Кориснички потстраници[уреди извор]

Само да ти кажам дека можеш да користиш и твоја потстраница како шаблон. Односно, Корисник:Gorjan/Кутии може да ти служи исто како сегашниот Шаблон:Gorjan. Само внеси {{Корисник:Gorjan/Кутии}} на твојата главна страница и ќе ја трансклудираш целата потстраница. Шаблон:Gorjan треба да се избрише, но ќе оставам прво да ја префрлиш содржината во „Корисник:Gorjan/Кутии“ или твоја слична потстраница. Те молам извести ме кога ќе ја направиш потстраницата, за да можам да го избришам шаблонот. Исто така, слободно побарај помош ако те буни нешто. Поздрав. --iNkubusse A? 13:12, 26 јуни 2008 (UTC)

SVG слики[уреди извор]

Сакам да ти помогнам за нешто во врска со SVG сликите. Ако сакаш да префрлиш некоја SVG слика од англиската Википедија на македонската, имај ги на ум следниве две работи:

  1. Кога ќе стиснеш десен клик на сликата, не стискај „Сними ја сликата како“, туку „Сними ја врската како“ (така пишува на Firefox на македонски, не знам за другите прелистувачи, но би требало да биде слично). Така датотеката ќе се зачува во нејзиниот вистински векторски формат, наместо во .png форматот.
  2. Без разлика како си ја зачувал, секогаш внимавај да не си ја зачувал со префикс од типот 300px- (или 800px- или слично). Тоа значи дека ти си ја зачувал SVG сликата (којашто нема одредена резолуција) како .png слика со ограничена резолуција. Сликите со векторски формат (како SVG) се посебен тип на датотеки, односно слики чија резолуција не е ограничена и може да се менува како ќе посакаме.

Може и да не ти е баш најјасно како да ја зачуваш во SVG формат (и мене ме бунеше на почетокот), ама ќе научиш со неколку обиди. Ако не ме разбираш убаво, слободно прашај ме, ќе се обидам поубаво да објаснам. Инаку, користи ја сликата Слика:Detroit Pistons logo.svg наместо Слика:300px-Detroit Pistons logo.svg.png (патем, забележи ги разликите во името). --iNkubusse A? 12:41, 30 јуни 2008 (UTC)

Поздрав[уреди извор]

Здраво, Горјан. Воочувајќи ги твоите придонеси, очевидно е дека се интересираш за спорт, а особено со кошарка. Би ти препорачал доколку сакаш да станеш дел од новиот ВикиПроект Спорт кој има за цел уредување на спортски статии. Поздрав.--Кирил Симеоновски разговор 10:02, 2 август 2008 (UTC)

Иницијатива[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Gorjan!
Како што веќе можете да видите, се приближуваме кон бројот 20 000 статии и како резултат на тоа Ве информираме за следната иницијатива. Имено, дорбредојдени би биле Вашите уредувања за создавање нови статии според зададените стандарди на Википедија со што за кратко време би ја достигнале саканата цел. 20 000 статии ни се неопходни за започнување на Википедија:ВикиПроект Вести и за понатамошна успешна афирмација на македонскиот јазик и македонската Википедија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--MacedonianBoy (разговор) 19:24, 16 септември 2008 (UTC)

Иницијатива 22,222[уреди извор]

Иницијатива 22.222
         Здраво, Gorjan!
Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)

Иницијатива за квалитетни статии[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Gorjan!
Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 02:08, 13 декември 2008 (UTC)

Иницијатива 25.000[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Gorjan!
Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 02:08, 13 декември 2008 (UTC)

Иницијатива за градови во Македонија[уреди извор]

Иницијатива за градови во Македонија
         Здраво, Gorjan!
Сакам да Ви се заблагодарам за Вашите скорешни придонеси и да Ве известам дека во рмките на ВикиПроектот Македонија се покренува иницијативата за подобрување на квалитетот и проширување на статиите за градовите во Република Македонија. За повеќе информации посетете ја листата на градови кои бараат промени, поделени по региони, ВикиПроектот Македонија, како и ВикиПроектот Географија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 20:40, 30 декември 2008 (UTC)


Иницијатива 2009-година на астрономијата[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Gorjan!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 14:21, 23 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 500 (избрани) статии[уреди извор]

Иницијатива 500 (избрани) статии
         Здраво, Gorjan!
Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:59, 1 февруари 2009 (UTC)

Лидери по година[уреди извор]

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:38, 12 октомври 2010 (CEST)[одговори]