Разговор со корисник:Edi1kanobi

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте!

Здраво, Edi1kanobi, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте! --Kiril Simeonovski (разговор) 16:34, 5 ноември 2011 (CET)[одговори]


{{помош}}ме интересира како се закачува фотографија. ја сум член на групата каде скоро правев едити па мислам дека би можел да придонесам. благодарам. Edi1kanobi (разговор) 18:23, 5 ноември 2011 (CET)[одговори]

Богородичната црква во Париз.
Здраво. Додавањето на слики претставува малку посложена работа, која најлесно може да се изврши преку избирање на третата алатка од лево кон десно во алатникот, насловена „Вметната податотека“. Со избирање на оваа алатка се додава записот [[Податотека:Пример.jpg]], којшто всушност ја претставува сликата. На местото од Пример.jpg е потребно да се запише насловот на сликата, по што истата ќе биде прикажана во обичен облик. Сепак, за истата да биде врамена, да биде прилаходена резолуцијата, како и да се додаден опис, потребни се неколку додатоци. Така на пример, со записот [[Податотека:NotreDameDeParis.jpg|мини|десно|200п|[[Богородична црква (Париз)|Богородичната црква]] во Париз]] се добива врамена слика (врамувањето се врши со записот мини) со големина од 200п, поставена во десниот дел од странциата и чијшто опис е „Богородичната црква во Париз“. Слична е и постапката за додавање на останати мултиемдијални содржини. Што се однесува до употребата, дозволена е само употреба на слики лиценцирани со слободна лиценца. Поздрав и пријатна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:40, 5 ноември 2011 (CET)[одговори]