Разговор со корисник:Виолетова/Архива3
Molba[уреди извор]
Кога ќе ја отвориш статијата до копчето стои копчето Историја и копчето Премести. Стисни на премести, внеси го новото име на статијата и статијата ќе се вика со новото име. Што се однесува за пренасочување на англиско име, отвори ја статијата со англиско име и само вметни го ова #REDIRECT [[Името на статијата]] и готово. Поз -- MacedonianBoy Oui? 09:55, 23 октомври 2008 (UTC)
- Фала многу, успеав :)
- Корисник:Виолетова 12:00, 23 октомври 2008
Окултизам[уреди извор]
Навистина ми се драги Вашите придонеси во врсак со окултизмот. Воден од Вашите уредувања за окултизмот го создадов порталот окултизам, како што претходно сторив и со порталот таоизам. Но, сепак би Ве замолил ако може да средите еден шаблон кој ќе наликува на оној кој го уредивте за поврзување со порталот таоизам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:33, 23 октомври 2008 (UTC)
- ОК, ќе направам по истиот терк, само да ја завршам статијата сега што ја пишувам :) Корисник:Виолетова 20:05, 23 октомври 2008
Здраво. Добро е да ставите никулец за кратка статија, но сепак го имаме токму она што Ви треба. Покрај шаблонот за никулец користете го и шаблонот во изработка ({{во изработка}}). Тој е создаден со цел означување на кратките статии за чија изработка е потребно подолго време. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:14, 25 октомври 2008 (UTC)
Место на шаблонот[уреди извор]
Бидејќи тоа е стандард на некој начин (не само на нашата википедија, туку на повеќето ако не и сите) тие шаблони кои се дел од некој серијал да стојат најгоре во статијата, за да се забележуваат веднаш и другите статии од серијалот, т.е. дека воопшто е дел од серијал. Видете за пример Христијанство, Ислам и слично. И на нашата википедија го правиме тоа така. Ако сметате дека треба да се промени може да го предложите на гласање :)
гитардэмон говори со мной 11:22, 26 октомври 2008 (UTC)
- И уште една работа, кога ставате врска до некој шаблон во статијата доволно е само да го ставите името на шаблонот во големи загради, односно вака {{Окултизам}} без да го пишувате делот 'шаблон:' т.е. {{Шаблон:Окултизам}}
гитардэмон говори со мной 11:28, 26 октомври 2008 (UTC)
Викицитат[уреди извор]
Здраво. За проектот Викицитат на македонски јазик сум заинтересиран и јас. Но, за да може да отвориме таков проект потребно е да поднесеме барање до Мета, а подоцна да добиеме дозвола за тоа. Потребно е да помине одредено време за одговорот, но навистина не знам колку. Само тоа барање би требало да го поднесеме со согласност на целата Вики-заедница на македонски јазик. Во последно време ова прашање не е толку актуелно, но сепак потребно е оваа идеја повторно да ја оживееме. Слободно предложете го Вашиот предлог на страницата за идеи. Потполно Ве поддржувам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:04, 9 ноември 2008 (UTC)
Категории[уреди извор]
Нажалост, колку што јас знам, категориите не можат да се пренасочуваат така. Мене одамна ми треба таква опција, ама по сѐ изгледа дека уште не измислиле таква функција. --Б. Јанкулоскиразговор 09:49, 12 ноември 2008 (UTC)
Категоризација, роден на/во, починал на/во[уреди извор]
Забележав дека вршите категоризација на биографските статии во категории од типот на Роден во ..., Починат во ..., Роден на ... и.т.н. Би сакал да ви укажам дека постојат шаблони {{Роден на}}, {{Роден во}}, {{Починал на}} и {{Починал во}} (како и варијанти/пренасочувања во смисла на {{Родена на}} - женски род) кои можат да ви ја олеснат работата. Овие шаблони автоматски додаваат најразновидни категории од типот на погоренабројаните. Начинот на употреба е објаснет во документацијата на соодветните шаблони. Доколку ви е потребна дополнителна помош, слободно прашајте. Поздрав. --brest (разговор) 19:02, 16 ноември 2008 (UTC)
- Одлично! Јас видов дека статии за личности што сум ги правела не се секаде пополнети со тие категории. Ќе ги ѕирнам шаблоните, ако не ми е јасно - ќе прашам :) --Корисник:Виолетова 20:05, 16 ноември 2008 (CET)
Категоризација, надкатегории[уреди извор]
Секоја категорија може да биде категоризирана со една или повеќе надкатегории. Не е правилно надкатегорија на категорија да биде самата категорија директно или индиректно. Пример Категорија:Родени во Украина би требало да биде категоризирана со надкатегорија Категорија:Родени според место или Категорија:Родени според држава.--brest (разговор) 19:37, 16 ноември 2008 (UTC)
- Згрешив што ставив таква категорија? Или ова за другпат да знам? Корисник:Виолетова 20:55, 16 ноември 2008 (CET)