Разговор:Славко Јаневски

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.
Оваа статија е дел од ВикиПроект Книжевност, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за книжевноста. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектниот тим.


Процес на лустрација[уреди извор]

Извршив неколку промени во содржината на статијата, проширувајќи го воведот и додавајќи поднаслов „Награди и признанија“, а ја додадов и информацијата во врска со процесот на лустрација против писателот. Сметам дека ќе биде корисно доколку се промени и почетната реченица во статијата, но имам дилема и затоа би сакал да чујам повеќе мислења за тоа како е најдобро истото да се направи. Се мислам дали е најдобро да се додаде дека Јаневски бил „кодош“ или „соработник на тајните служби“. Првиот поим е турцизам којшто е одомаќинет во македонскиот јазик, но се плашам дека самиот контекст во којшто се употребува може да е остар и навредлив.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:00, 30 јули 2013 (CEST)[одговори]

Дефинитивно „соработник на тајните служби“.--Вик Ретлхед (разговор) 21:03, 30 јули 2013 (CEST)[одговори]
Се согласувам. Мене, исто така, ми се чини дека тоа е најсоодветниот израз.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:59, 31 јули 2013 (CEST)[одговори]

Во врска со моите скорешни уредувања за реакциите од страна на јавноста, направив неколку промени со цел да го направам текстот појасен и понеутрален за читателот. Прво, го отстранив делот во којшто се вели дека одлуката била често именувана како „самоуништувачка“, бидејќи со ваков израз целосно се нарушува неутралноста на текстот. Википедија, како енциклопедија, не смее да подлегнува на новинарскиот стил и да содржи коментари поттикнати од емоционалната свест. Второ, фактот што еден член на Комисијата бил против не е никаква реакција, туку доказ за слободната волја на изразување и правото на демократски избор. Многу одлуки се донесуваат со значителен број на гласови „Против“, но никогаш ставот на „малцинството“ не се смета како реакција. Трето, изразот „голем број на видни македонски интелектуалци и пошироката јавност“ го заменив со „пошироката културна јавност“, бидејќи тоа е поимот којшто се споменува во медиумите и кратко и јасно ги опфаќа сите претходно наведени. Четврто и последно, печатените медиуми и телевизиите, по правило, се далеку поверодостојни извори од Интернет-порталите, па поради тоа изворите кои повикуваа кон „Бриф“, „+инфо“ и „Либертас“ ги заменив со „Нова Македонија“, „Утрински Весник“, „Канал 5“ и „Телма“. Нема потреба да се користат други извори кога за истата работа известуваат најпознатите медиуми во Македонија.--Kiril Simeonovski (разговор) 04:15, 31 јули 2013 (CEST)[одговори]

Од кога квази одлуките на некоја си незначајна комисија се толку важни да се ставаат во воведот? Некои корисници се повикуваат на „неутралноста“ и „академскиот стил“ на текстот, но тука нешто е пропуштено. Таа одлука е толку оспорена за Јаневски, како и за Серфимовски и Павловски, што заслужува само една секција каде ќе се наведат про и контра аргументите. Дали титулата која комисијата од 9 луѓе му ја дале е исто значајна со врвноста на Јаневски во македонската книжевност и сосема заслужените звања писател, поет, сликар и слично? Веднаш да се тргне тоа од воведот, не е ниту звање, ниту титула нити поле каде бил активен Јаневски. Само на бг Вики стои така од добропознати причини. --Никола Стоіаноски 13:20, 31 јули 2013 (CEST)[одговори]

Во продолжение ќе го поделам коментарот на неколку точки за да можам јасно да дадам одговор на најважните работи:
  1. Комисијата за верификација на фактите, често споменувана и како Комисија за лустрација, (официјално мрежно место) претставува законки основано тело и поседува најголем авторитет во дејноста којашто ја извршува. Нејзините надлежности се утврдени со закон, а нејзини членови се лица коишто имаат професионално искуство во дејноста. Според тоа, истата не може да се смета за незначајна комисија, бидејќи нема тело со поголем легитимитет во државата во врска со спроведување на процесот на лустрација.
  2. Врз основа на споменатото во точка 1, одлуките на највисокото тело за верификација на фактите во Република Македонија не може во никој случај да се сметаат за квази-одлуки.
  3. Нормално е во врска со секоја одлука да има поделени страни, некои да бидат задоволни, а други незадоволни со таквиот исход, но тоа не претставува никаква поткрепа на ставот дека одлуките на Комисијата се неважечки. Во реакциите коишто биле објавени по објавување на наодите во врска со писателот, одлуката е оспорена со тоа дека се прекршуваат човековите права, не се укажува почит кон починати лица, се прекршуваат некои законски одредби за третманот на мртвите лица, но никаде одлуката не се оспорува со реакции кон веродостојноста на фактите и нивната вистинитост. Одовде, реакциите во коишто се изнесуваат ставови од лукративни причини не претставуваат никаков доказ којшто оспорува нечија одлука. На пример, наодите на полицијата или пресудата донесена од судот не може да се сметаат за квази-одлуки или неважечки доколку сторителите на прекршочните дела реагираат наспроти фактите коишто веќе се изнесени против нив.
  4. Фактот што Славко Јаневски соработувал со тајните служби нема никаква врска со неговото уметничко творештво. Ако некој е познат во својата дејност и претставува еден од најистакнатите претставници од својата земја, тоа не му дава никаков имунитет дека смее да прави што сака и дека ако нешто се докаже истото треба да се цензурира. Секоја чест за делото на писателот, со коешто има значајно место во современата македонска книжевност, но фактите си се факти и истите треба да се почитуваат. Не залудно е речено дека пред фактите и боговите молчат.
  5. Како продолжение на изнесоното во точка 4, некој ќе каже дека целиот процес на лустрација не е чесен и претставува нарушување на човековите права. Но, дали е чесно, пред сè, кон писателите и уметниците коишто биле негови жртви да се цензурираат фактите? Со процесот на лустрација не се докажува само делото, туку се обелоденуваат информации и во врска со жртвите на стореното дело.
  6. Податокот во воведот дека Славко Јаневски бил „соработник на тајните служби“ не претставува ниту звање, ниту титула, туку нешто по коешто тој бил познат во својот живот. Во инфокутијата не направив промена поради тоа што таму се наведени занимањата, а соработник на тајните служби не претставува некое занимање и како такво не е згодно да се додаде.
Мислам дека сериозно нарушување на неутралноста е доколку не се изнесат фактите какви што се во согласност со наодите на Комисијата за верификација на фактите како највисоко државно тело во чијашто надлежност е спроведувањето на процесот на лустрација. Ќе се согласам почетната реченица да биде изменета, но само доколку се изнесат веродостојни извори со реакции коишто ги оспоруваат фактите и доказните материјали, а не некои во коишто одлуката се оспорува поради тоа што не била чесна или човечна. Во меѓувреме, сметам дека нема потреба статијата да биде обележана со шаблонот за нарушување на неутралната гледна точка.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:47, 31 јули 2013 (CEST)[одговори]
Ти скрос нешто со помешал. Што е значајно тоа толку за да се вметне во самиот вовед? Тоа е прашањето, а не ти што мислиш за темата. „Податокот во воведот дека Славко Јаневски бил „соработник на тајните служби“ не претставува ниту звање, ниту титула, туку нешто по коешто тој бил познат во својот живот. Во инфокутијата не направив промена поради тоа што таму се наведени занимањата, а соработник на тајните служби не претставува некое занимање и како такво не е згодно да се додаде.“ Што правиме муабет? Не треба да е во воведот. Сам да си заклучуваш и да си бришеш шаблони можеш само на твој сопствен блог, не си надмоќен овде.--Никола Стоіаноски 15:05, 31 јули 2013 (CEST)[одговори]
Не се обидувам да го наметнам своето мислење, ниту пак да докажам нешто коешто не е вистина, а истото го поткрепувам со веродостојни извори во коишто може да се прочита повеќе во врска со темата. Ќе те замолам да го намалиш тонот во дискусијата и да изнесеш веродостојни извори во коишто реакциите ги оспоруваат фактите и доказните материјали од страна на Комисијата за верификација на фактите, а не се оспорува одлуката со емоционално-лукративни причини дека не била чесна или коректна кон починатиот писател. Во воведниот дел стои токму она коешто Славко Јаневски бил во текот на својот живот. Разгледај ги убаво статиите објавени низ медиумите и ќе видиш дека во сите нив стои дека Славко Јаневски соработувал со тајните служби. Можеби тоа не претставува звање или титула, но сигурно е важно кога веќе самите медиуми известуваат јавно за тоа и сигурно е поважно од многу други работи наведени во врска со него во воведот.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:21, 31 јули 2013 (CEST)[одговори]
Ти пак нешто не разбираш. Дали сум негирал јас дека некоја си комисија рекла дека Јаневски е кодош? Не. Реков дека тоа не треба да седи во вовед, особено не заедно со звањата кои ги имал. --Никола Стоіаноски 15:25, 31 јули 2013 (CEST)[одговори]
Види Никола, соработник на тајните служби не претставува занимање како што е писател, сликар, вајар, готвач, економист, правник итн., но сигурно претставува нешто за коешто е потребно да се вложи труд и сигурно има некоја значајност кога веќе медиумите објавуваат информации во врска со тоа. Не пишува во ниту едно правило дека во воведната реченица се пишуваат исклучиво занимањата на личноста.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:33, 31 јули 2013 (CEST)[одговори]
Си има принципи. Во воведот, особено во првата реченица, се ставаат сите работи по кои е позната една личност. Јаневски ич не е познат по кодошење и 90% од луѓето не ја ни прифаќаат таа одлука на комисијата. Се знае како се пишува вовед. --Никола Стоіаноски 15:36, 31 јули 2013 (CEST)[одговори]
Многу работи не се за верување и луѓето едноставно не можат да си дозволат да ги прифатат. Но, ќе помине време кога сите ќе се помират со одлуката и фактите изнесени благодарение на работата на Комсијата за верификација на фактите ќе добијат вредност и значење. Сепак, работата на Википедија е да ги изнесува фактите какви што се, а не да сочувствува со оние коишто не ја прифаќаат одлуката поради неаргументирани причини.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:18, 31 јули 2013 (CEST)[одговори]
Се согласусам потполно со последната реченица од Кирил. Мислам дека тоа треба да остане како последен коментар на оваа тема и да се прекине со уредувачката војна. Статија нека остане како што е сега. Во реченицата со наведените дејности немора да се споменува соработката, но добро е да стои во последниот дел од воведот. --Р ашо 22:09, 31 јули 2013 (CEST)[одговори]