Разговор:Игор Крајчев

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.
Оваа статија е дел од ВикиПроект Книжевност, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за книжевноста. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектниот тим.


Самопромотивна статија?[уреди извор]

Оваа статија беше уредувана и континуирано подобрувана околу еден месец. На пребарувач има резултати дека личноста постои и дека има добиено награда, но мислам дека тврдењето дека е првиот писател на научна фантастика во Македонија е пристрасност. Исто така, според резолуцијата на сликата, а и според поставеноста на раката може да се претпостави со поголема веројатност дека фотографијата е од мобилен телефон. Надворешните врски не се конкретни и никако не може да ја потврдат констатацијата дека Крајчев е еден од најперспективните писатели. Не сакам да ја предложам статијата за бришење, но сакам да напоменам дека е полна со пристрасност и непотврдени информации. Сега за сега, мислам дека е најдобро да се додадат шаблоните „НГТ“ и „внимание“.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:26, 19 октомври 2009 (UTC)

Не знам дали надвирешните врски може да се земат предвид. Добро е за ова да поразговараме, па затоа нема да го додавам шаблонот „без извори“.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:28, 19 октомври 2009 (UTC)

Ова не е САМОПРОМОТИВНА СТАТИЈА!!![уреди извор]

Г.Кирил Симеоновски, ова не може да биде самопромотивна статија, затоа што во тој случај, самиот Игор Крајќев би требало да биде инволвиран во нејзиното креирање. Јас како негов пријател и издавач, се обидов со оваа статија да и покажам на македонската јавност дека и Македонија има квалитет кој е на рамниште на светската литература и кој е признат од еминентни писатели и стручњаци за литаратура ширум земјава. Наместо да се зафаќате со тривијалности овде на Википедија, како на пример каде му е раката на сликата на Крајчев, или дали е прв писател на епска фантастика или не, јас Ви препорачувам да отидете до најблиската книжарница на МАТИЦА и да земете еден роман од Крајчев, па да го запознаете подобро, или подобро речено да го проверите она што јас сум го напишал. А потоа можете и малку подобро да се информирате, затоа што ако веќе сакате да се нарекувате себеси Администратор морате да истражувате повеќе во врска со статиите. Јас би рекол дека Вашето коментирање и саботирање на статијата за Крајчев е обид за Ваше самопромовирање. Не можете да си дозволите, вака неуки и неинформирани да се впуштате во вака сериозни дискусии, особено кога се работи за жив писател кој е присутен, меѓу нас и кој има уште многу да каже на македонската, а се надевам, многу брзо и на светската литературна сцена. Побарајте, Ве молам, малку по архивите и енциклопедиите на македонската литературна оставштина, дали некаде во минатото има друг македонски писател кој се „дрзнал“ да се зафати со така комплексна работа како што е епската фантастика, затоа што после многу високиот репер кој на тоа поле го поставија Толкин, Кон Игулден, Џ. К. Раулинг и цела плејада на други гиганти во оваа сфера, кај нас речиси и никој да не зборуваше за епската фантастика се до појавата на Игор Крајчев. Сметам дека немате право во вашите обиди да ја компромитирате и да ја избришете оваа статија, а не сте доволно и соодветно информиран и искрено сум изненаден од ваквиот непрофесионален и површен пристап на еден „Википедија Администратор“. Кога веќе имаме право на сомнежи, јас се сомневам дек Вие воопшто знаете што е тоа епска фантастика и дека сте воопшто компетентен да давате ваки судови и ставови на оваа тема.

П.С. Толку фамозната и за вас интригантна фотографија, ја преземав од неговиот Facebook профил, каде Крајчев ми е пријател. Не грижете се, ја отстранив од статијата за да не Ви пречи Вас и на Вашите префинети очи.Quatro (разговор) 09:26, 30 октомври 2009 (UTC)Quatro

Извинете, причината за бришење беше промотивна статија, а не самопромотивна.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:13, 30 октомври 2009 (UTC)
Најпрвин беше самопромотивна, па потоа го сменив, но на статијата очигледно сум заборавил. Инаку, статијата е полна со пристрасни испади кои не само што ја нарушуваат неутралноста на статијата, туку го претставуваат писателот како да е еден од основоположниците на современата македонска литература. Згора на тоа, овие податоци не се потврдени со референци, а додаените извори посочуваат на листа на добитници на награди објавени во дневниот печат. Во статијата беше додаден и шаблонот за нарушување на неутралната гледна точка, но очигледно е дека е избришан. За Игор Крајчев за прв пат слушнав пред неколку месеци, пред статијата да биде уредена и навистина го почитувам неговиот труд. Не велам дека на Википедија не треба да има статија за него, туку напротив треба. Проблемот е што во статијата неговото значење е претставено со зборовите „особено значаен за македонската литература“, „еден од најдобрите“ и сл. Вакви извадоци нема во статиите за великани како Славко Јаневски, Блаже Конески и Петре М. Андреевски, туку има во статија за надежен, персепктивен, но недоволно афирмиран македонски писател, за кого не верувам дека многу имаат чуено. Не е проблем статијата да остане на Википедија, но само под услов да се отстранат деловите во кои се наведува нереално преувеличување.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:25, 30 октомври 2009 (UTC)
Во ред, ќе ја корегирам статијата. Quatro (разговор) 17:23, 30 октомври 2009 (UTC)
Направив корекции на статијата со цел да ја избегнам пристрасноста и необјективноста, па Ве молам одговорете ми дали и во кои делови се потребни дополнителни корегирања. Quatro (разговор) 17:30, 30 октомври 2009 (UTC)
Изгледа подобро. Сега преостанува уште статијата да се подобри од технички аспект, но тоа не е голем проблем. Изворите коишто ги имате наведено може да бидат надворешни врски. Референци може да бидат во случај кога нешто се цитира извадок или директни се потврдува веродостојноста на информацијата. Мислам дека е добро да се одржува објективноста во статиите и истите да бидат поткрепени со веродостојни извори, бидејќи и најмалото отстапување може да предизвика, читателот да си помисли дека содржината на статијата е неточна или дека претставува промотивна содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:38, 30 октомври 2009 (UTC)
P.S.Проблемот со фотографијата исто така беше заштитна мерка. Некој кој ја чита, здогледувајќи ја статијата може да забележи дека станува збор за самофотографирање со мобилен телефон или дигитална камера со послаба резолуција. Ова исто така води кон помислата дека „писателот можеби е автор на статијата“.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:42, 30 октомври 2009 (UTC)

Ве молам не ги обновувајте линковите кон делата на Крајчев[уреди извор]

Сметам дека поради недоволен број на извори и референци, во моментов е подобро да нема подетални статии и информации за делата на Игор Крајчев. Засега е доволно да се споменат како постоечки дела на овој автор, а подоцна кога ќе имам доволен број на извори, ќе направам статии достојни на Википедија... Благодарам! Quatro (разговор) 12:25, 7 јануари 2010 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • заменик-претседател наместо заменик претседател.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 12:32, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • филизоф* во философ*, с наместо з, правописна грешка.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 20:54, 8 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]