Радмила Котевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Радмила Котевска
Родена Радмила Јованова
10 јуни 1924
Куманово, Кралство Југославија
Починала 15 септември 2003(2003-09-15) (возр. 79)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонка
Позната основач на Одделот за детска нефрологија
Занимање педијатарка, нефролог

Радмила Котевска (моминско: Јованова; 10 јуни 1924 во Куманово15 септември 2003 во Скопје) — македонска педијатарка и нефролог.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Студите по медицина ги завршила во Белград, а специјализирала во полето на педијатрија на Детската клиника при Медицинскиот факултет во Скопје, по што се усовршувала во два наврати во Париз кај францускиот професор и педијатар Роберт Дебре, на наставната болница Hôpital Necker – Enfants Malades.

Била основач на Одделот за детска нефрологија при Клиниката за педијатрија, а како пионер во полето на детска нефрологија се здобила и со звањето примариус во оваа стручна активност.

Била автор на над сто публикации од областата на општата педијатрија и детската нефрологија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Костовски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 746. Text "series " ignored (help)