Пјетро Џакино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пјетро Џакино
Медали
Натпреварувач за  Норвешка
Гимнастика
Норвешко првенство за јуниори
Златен медал - прво место Осло 2012 олраунд
Норвешко првенство за сениори
Бронзен медал – трето место Стор 2014 олраунд

Пјетро Оливер Џакино (ит. Pietro Oliver Giachino, р. 26 февруари 1995) е норвешки гимнастичар од мешано потекло.

Биографија и кариера[уреди | уреди извор]

Роден е во Осло во семејството на мајка Норвежанка и татко Италијанец. Се натпреварува во гимнастиката од 2006 година, и уште следната година станува дел од норвешката репрезентација.[1][2] Пјетро се приклучи кон гимнастичкиот клуб „Нјорд“, кој дава поттик на неговата спортска кариера. Како член на „Нјорд“ освои челни места во разни натпревари, меѓу кои и државното првенство.[3][4] Учи во приватното училиште со интензивна спортска активност „Ванг“. Пјетро заедно со други младинци и девојки наутро одат во спортската сала во ословскиот кварт „Хасле“, каде што сите заедно тренираат пред училиште, за да попладне има повторно тренинг.[5]

Во 2014 година Пјетро зеде учество на Светското првенство во гимнастика, што се одржа во Нанин, Кина.[1] Подоцна му беше дадена можноста да стане првиот Норвежанец, кој се натпреварува за италијански клуб: на младиот гимнастичар италијанскиот „Јувентус“ (да не се меша со фудбалскиот тим) му понудил превоз до земјата, живеалиште и парични награди, за да учествува заедно со претставниците на истиот на три натпревари во февруари и март 2015 година. Во јуни учествуваше на првите Европски игри.[1] Учествуваше на светско првенство исто во 2015 година.

Тренерот на норвешките репрезентативци Габриел Негру смета дека Пјетро „има тело за гимнастика и е многу амбициозен“. Поранешниот гимнастичар и актуелен тренер на Пјетро во „Нјорд“ Еспен Јансен тврди дека тој „има предности, кои би го однеле далеку“. Флеминг Солберг, поранешен олимписки натпреварувач, сега тренер и наставник во „Ванг“, пак вели: „Пјетро е типичен олраундер, еден од најголемите таленти кои сум видел во оваа земја. Неговата моќ е во тоа што има такви витки линии. Тој е гимнастичар со стил...“. Истовремено Солберг како негативна одлика на Пјетро наведува дека му недостасува малку физичка сила, но сепак верува дека квалификациите за Олимписките игри не е невозможна задача за него и покрај тешкотиите. Самиот Пјетро е убеден дека ќе учествува на игрите, само прашање на време е кога.[5]

Невообичаени факти[уреди | уреди извор]

Идолот на Пјетро е Оге Сторхауг, норвешки гимнастичар, чија спортска кариера се протега во периодот од подоцнежните шеесетти до раните седумдесетти години на XX век.

Пјетро зборува норвешки, италијански и англиски јазик.[1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 (англиски) Pietro GIACHINO. Европски игри 2015.
  2. (англиски) GIACHINO Pietro (NOR)[мртва врска]. Database.fig-gymnastics.com. Посетено на 18 август 2015.
  3. (норвешки) Pietro Giachino og Njård vant årets norgesmesterskap for junior Архивирано на 6 март 2016 г.. Njard.no. Посетено на 18 август 2015.
  4. (норвешки) Pietro Giachino Norgesmester in svingstang and rings Архивирано на 7 март 2016 г.. Njard.no. Посетено на 18 август 2015.
  5. 5,0 5,1 (норвешки) Snart er han stjerne i Juventus. Aftenposten.no. Посетено на 18 август 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]