Портал:Економија/Избрана биографија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адам Смит
Адам Смит

Адам Смит (анг: Adam Smith, 1723-1790) бил британски политички економист и филозоф. Автор е на прочуената Богатството на народите: Иследување на неговата природа и причини (1776), која е еден од првите обиди за разгледување на историското развивање на индустријата и трговијата во Европа. Овој труд е особено важен за научната дисциплина економија и е една од најизвестните прегледи во поткрепа на слободната трговија, капитализмот и либералството. Адам Смит е еден од најзначајните претставници на англиската класична политичка економија.

На околу 14-годишна возраст се запишал во универзитет. Учил философија најпрвин во Глазгов, потоа на Оксфордскиот универзитет (1740-1746). Големо влијание врз кариерата на Адам Смит имаат Френсис Хатчесен (1694-1746) и Дејвид Хјум (1711-1776). Прочитајте повеќе