Портал:Географија/Одбрана статија/2007/јули

Од Википедија — слободната енциклопедија

Оклендската метрополитенска област или Голем Окленд, на Северниот остров, е најголемото населено место во Нов Зеланд. Градот е конурбација, сочинета од градовите (или подградовите) Град Окленд, Ваитакере, Манукау и Северен Брег. На маорски градот го носи името Tāmaki Makau Rau или Ākarana. Бројот на жители е нешто над 1.3 милиони, и со тоа е најголем град во Нов Зеланд, многу поголем од било кој друг - една третина од населението на Нов Зеланд.

Голем Окленд се простира меѓу заливот Хаураки на Тихиот Океан на исток, ниските планински венци Хунуа на југоисток, Манукавското пристаниште на југозапад и планинскиот венец Ваитакере и помалите венци на северозапад. Централниот дел од населената област го зазема теснецот помеѓу Манукавското пристаниште на Тасманско море и Ваитематското пристаниште на Тихиот Океан). Окленд е еден од многу ретките градови на светот со пристаништа на две мориња/океани.

Tamaki Makau Rau (теснецот на илјада љубовници), денес познат како Окленд, бил најпрвин населен од маорите околу 1350 год. Регионот бил вреднуван за својата богата и плодна почва. Маорите правеле терасести утврдени села (па) на мртви и зарамнети вулканиски врвови. Пред доаѓањето на белците, маорите имале околу 20,000 вакви села во регионот, бројка која подоцна го квалификува местото како град. Прекопаните брда можат да се видат и денес околу поголемите вилкани како Албертовото брдо, Идновото брдо and Брдото со едно дрво.

Прочитајте повеќе...