Па (утврдување)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рид во Каикоура на кое некогаш имало „па“
Еден тип на одбрана на „па“
Друг тип на одбрана на „па“

Па (маорски: ) е маорско село во Нов Зеланд ко е е утврдено и изградено за одбрана. Тие се сметале за племенски општествен и социо-политички центар на сите иви. Во маорското општество, големо па ја претставувало маната (власта) на еден поглавар или рангатира. Речиси сите па биле изградени на безбедни и плодни места. Иако биле изградени за одбрана, тие биле воглавно живеалишта.

Паорски па играле значајна улога во Маорските војни.

Па биле конструирани од луѓе кои се бореле со мускети и рачни оружја (како копје, таиаха и мере) против Британската војска и вооружена полиција кои имале мечеви, пушки и тешки оружја како хаубици и ракетна артилерија. Обично се правеле за доста кратко време, често помалку од два дена, и пружале отпор долги часови, а понекогаш и недели.

Ограничувачки фактор бил тоа што луѓето морале да одат дома за да обработуваат земја или да собираат од природата. Затоа 4 до 6 месеци годишно овие утврдувања биле напуштени.

Некои јавни „па“ во Нов Зеланд[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]