Мускета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мускета

Мускета[1][2] (француски: mousquet, англиски: musket) — огнено оружје со нежлебена цевка, која се користи од рамо за испалување на куршумот до домет од 180 м, иако ефикасниот домет му е до 90 м. Датумот кога е направена првата мускета не е познат, но нивната изработка се споменува на почетокот на XV век, а првенствено биле дизајнирани за пешадија. Мускетите застареле кон средината на XIX век[3] кога ги замениле пушките.

Војниците кои носеле мускети се нарекувале мускетари. Името мускета потекнува од францускиот збор -{mousquette}[4] како што се нарекува мажјакот на европскиот јастреб.

Развој[уреди | уреди извор]

Мускетите се појавиле во Европа до 1521 година[5]. Крајот на 15 век мал број од пешадијата биле опремени со рачни топови меѓутоа ова оружје било многу непрецизно, тешко за полнење и пукање. Почетокот на 17 век рачните огнени оружја почесто се употребувале а во 17 век му го зазеле местото на копјата како главно оружје на пешадијата.

Во 16 век најраспространета мускета била Аркуебус. Скоро сите мускети во тој период користеле механизам за испалување со помош на фитил, каде запаливиот фитил го палел барутот во мускетата кој создавал гасови кои го исфрлале куршумот од цевката. Мускетите биле непрецизни над 100 метри, бавно се полнеле и честопати предизвикувале несреќи од самозапалување на барутот. И покрај тоа широко распространетите мускети го промениле начинот на војување.

Наредните генерации на мускети користеле кремен за активирање кое ја подобрило сигурноста, прецизноста и брзината на полнење. Мускетата во 1700 тата година станала главно оружје на пешадијата.

Полнење и испалување[уреди | уреди извор]

Во XVIII век стандардна мускета е користена на следниот начин

  • Војникот би го извлекол фишекот (во кој редоследно биле распоредени куршумот и барутот, куршумот од барутот бил одвоен со парче хартија).
  • Војникот го гризел врвот на фишекот во кој се наоѓал куршумот, кој го задржувал меѓу забите.
  • Тогаш мал дел од барутот ќе ставел на каменот.
  • После тоа кундакот од мускетата се спуштал на земја и остатокот од барутот се турал во цевката. Кога целиот барут ќе се турел во цевката војникот ставал хартија за да неможи барутот да испадни од цевката и полесно да се набија на дното од цевката.
  • Војникот на крај го ставал куршумот во цевката со забите каде и го држел, го вадел набивачот кој бил сместен во посебно лежиште во рамката на цевката, тогаш со помош на набивачот се набивал куршумот во цевката трипати и после тоа се враќал набивачот назад во лежиштето.

После сето тоа кундакот го кревал на рамо, би ја стегнал мускетата и таа била спремна за употреба. Овај процес се повторувал многупати за време на обука сè додека војниците не почнеле тоа да го прават механички. Британските Црвени мундири го вежбале ова секој ден што му дало голема предност во однос на другите армии во тоа време. Добро истрениран војник можел да испука три куршуми во минута а во ретки случаи дури и четири.

Тактика[уреди | уреди извор]

Бидејќи мускетата се полнела бавно тактичарите ги ставале мускетарите во одредени формации кои им давале максимална огнена моќ. Со оглед на тоа дека мускетата бавно се полнела требало уште да се има и копјина да се заштитат од коњаницата. После појавата на бајонетот и мускетата со кремен се исфрлила од употреба. Формацијата на мускетари се состоела од три реда на мускетари така што првиот ред клечел, што му овозможувало да пукаат сите три реда истовремено.

Британската армија била позната по тоа што била составена од два реда мускетари наместо три и сите мускетари можеле да пукаат истовремено и никој од нив да не клечи. Уште една позната Британска тактика била таканаречена водено испалување така што имало две чети од кои прво пукала едната чета а другата полнела и така наизменично што придонесувало непрекино пукање кон непријателот.

Главната тактика на пешадискиот напад во 1700 тите години биле разбивање на непријателските редови и после коњаницата имала лесна задача. Француската армија била исклучителна, нејзините офицери правеле брз напад со бајонети и мечеви.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „мускета“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „мускета“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Adle 2003, стр. 475.
  4. „Online Etymology Dictionary“. Etymonline.com. Посетено на 4 September 2016.
  5. Arnold 2001, стр. 75-78.