Портал:Архитектура/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Архитектонски поредок — систем од повеќе антички начини на градење кој се одликувал со неколку варијанти на пропорции, карактеристични профили и детали. Разните редови најлесно се разликуваат по нивните столбови и капители. Секој стил си има своја соодветен перваз, кој се состои од архитрав, фриз и корниз. Од 16-тиот век, па наваму, теоретичарите распознаваат пет реда. На илустрацијата десно се наредени по ред, од најнабиениот и најпримитивниот до најбогатиот и највиткиот, тие се: Тоскански (римски) и Дорски (грчки и римски, илустриран тука во римска варијанта); Јонски (грчка варијанта) и Јонски (римска варијанта); Коринтски (грчки и римски) и Сложен (римски). Првичните антички архитектонски редови се само три, Дорскиот, Јонскиот и Коринтскиот и биле измислени од грците. На овие римјаните им природале два, Тосканскиот, кој е попрост од Дорскиот, и Сложениот, кој е поорнаментален, ако не и поубав, отколку Коринтскиот. Меѓутоа само првите три реда се одликуваат со вистинска инвентивност и особен карактер, и темелно се разликуваат еден од друг; другите два се одликуваат со позајмени елементи и меѓусебно се резликуваат само случајно.

Прочитајте повеќе