Сложен ред
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Сложениот ред (наречен и композитен ред) е мешан архитектонски ред, кој ги комбинира завоите од капителот на јонскиот ред и акантовите листови од коринтскиот ред. За разлика од нив, завоите на сложениот ред се поголеми, а сложениот ред има и ехински калап со украси во облик на јајца и стрелки помеѓу завоите. Столбот на сложениот ред е висок десет пречника.
Сè до Ренесансата, сложениот ред не се сметал за засебен ред, туку за доцноримски облик на коринскиот ред. За прв пример за употреба на сложениот ред се смета Титовата арка во форумот во Рим, изградена во 82 година н.е.
