Акант

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Капител на коринтски столб со акантови листови
Резби со акантови листови

Акант (лат. acanthus) е еден од најчестите орнаменти кој се користи за лисесто украсување.[1] Архитектонските украси (орнаменти) се резбаат во камен или дрво во облик на листовите на медитеранското растение матрун, чии листови се донекаде налик на листовите на драката, афионот и магдоносот.

Акантот како орнамент е застапен кај столбови од Коринтскиот и Сложениот ред, а се применува и на фриз. Старите грци биле први кои го искористиле овој украс, а римјаните пак го разработиле, свиткувајќи ги краевите на листовите. Како украс продолжил да ужива популарност во византиската, романескната и готската архитектура, па повторно во Ренесансата и понатамошните стилови, сѐ до ден денес.

Акантови украси се користат и за ентериери како и за рабно украсување.

Овој орнамент се користел и во средновековната и ренесансната уметност, особено во вајарството и резбарството и кај фризови.

Врската помеѓу акантот и самиот матрун веќе одамна е предмет на спор. Алоис Ригл во своето дело Стилско прашање тврди дека акантот како украс започнал како скулптурна верзија на палметата, а дури подоцна почнал да личи на матрун.[2]

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Philippa Lewis & Gillian Darley, Dictionary of Ornament (1986) Pantheon: NY
  2. A. Riegl, tr. E. Kain, Problems of style: foundations for a history of ornament (Princeton, 1992), 187-206.

Надворешни врски[уреди]