Поздрав на Сонцето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поздрав на Сонцето во Задар, 2008

Поздрав на Сонцето — поставката на архитектот Никола Башиќ во Задар.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Поздрав на Сонцето се наоѓа во пристаништето Задар, на западната точка на задарскиот полуостров, веднаш до Морските оргули. Од ова место се гледа Задарскиот Канал, островите и заоѓањето на Сонцето, чија убавина е особено позната во Задар. Со овој зафат во крајбрежјето, Задар добил ново собиралиште, но и туристичка знаменитост.

Основни податоци[уреди | уреди извор]

Изглед на Поздрав на Сонцето дење

Поздрав на Сонцето се состои од триста сончеви плочи поставени на исто ниво со каменото поплочување на брегот во облик на круг со пречник од 22 метри. Покрај Сонцето, гледајќи од западната страна, а над Морските оругили, се наоѓаат и останатите планети од Сончевиот Систем. Големините на плочите на Сонцето и планетите се пропорционални, како и растојанијата на средиштата на секоја плоча сама за себе, но не и двете во исто време, бидејќи планетите би требало да бидат оддалечени по неколку стотици метри до неколку десетици километри од Сонцето на инсталацијата. Под стаклените панели се наоѓаат фотоволтаични соларни модули преку кои се остварува симболична комуникација со природата, со цел, како и со Морските оргули, да се оствари комуникација - таму сп звук, а овде со светлина.[1]

Во хромираниот прстен што ги опкружува панелите со фотоволтаични модули се испишани имињата на задарските светци. Покрај нивните имиња и датумот на кој се слават, напишана е деклинацијата на Сонцето северно или јужно од екваторот (ДЕК-минимално -23 степени до максимум 23 степени), висината на Сонцето во меридијанот на тој датум (ASM - Altitudo Soles im Meridien) и времетраењето на Сончевата светлина на тој празник (пр. 15:10:12), што ја прави инсталацијата еден вид календар. Овој астрономски дел е направен со стручна помош на д-р Максим Кларин, професор во Задарското поморско училиште.

Истовремено со залезот на Сонцето, се вклучуваат и светлосните елементи инсталирани во колото и според специјално програмираното сценарио, тие произведуваат исклучително впечатлива игра на светлина. Времето на вклучување и исклучување на инсталацијата го одредил д-р Кларин и тоа за наредните 50 години.

Поставувањето чинела 8 милиони куни (без ДДВ), а целото уредување на околината околу него чинела 50 милиони куни.

Енергетско значење[уреди | уреди извор]

Фотоволтаичните соларни модули ја апсорбираат светлосната енергија на Сонцето во текот на денот, претворајќи ја во електрична енергија и доставувајќи ја до дистрибутивната мрежа. Се очекува дека целиот систем ќе произведува околу 46.500 kWh годишно, со што станува мала електрана. Енергетското значење е само симболично, бидејќи енергијата вложена во производството на модули и целата инсталација не може да се исплати во текот на векот на поставката. И покрај тоа, инсталацијата се исплати на специфичен начин, привлекувајќи голем број туристи во градот.

Вандализам[уреди | уреди извор]

Оштетен сончева плоча

Во неколку наврати, оштетувања (испукани сончеви плочи) биле забележани на поставката, најмногу на Сонцето, каде биле оштетени 12 панели, како и на панелите што ги претставуваат Јупитер и Сатурн. Најпрво се мислело дека пукнатините настанале со удар на метален предмет по плочите, бидејќи плочите имаат носивост од околу 400 килограми и многу тешко се кршат. Случајна снимка од траект на релација Преко - Задар открила дека причина за една од пукнатините е поминување на возило за испорака тешко околу 3.500 килограми над Сонцето и Јупитер, што предизвикало пукање на неколку панели. Овој доказ ги потврдил приказните на граѓаните кои живеат во непосредна близина дека поединци ноќе со автомобили го минуваат тој дел од брегот. По овие оштетувања Градот Задар заедно со надзорникот вовел надзорни камери кои 24 часа ќе ја следат поставката. Во јуни 2009 година, четири панели биле скршени со тврд предмет,[2] во ноќите околу 8 август, уште две.[3]

Планетите на Сончевиот Систем во Поздрав на Сонцето[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Turistička zajednica Zadar - Pozdrav Suncu“. Архивирано од изворникот на 10. kolovoza 2011. Посетено на 8. kolovoza 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. „RTL - Vijesti - Oštećen Pozdrav Suncu“. 9. lipnja 2009. Посетено на 8. kolovoza 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)[мртва врска]
  3. „Vandali ponovno oštetili zadarsku atrakciju Pozdrav Suncu“. 12. kolovoza 2009. Посетено на 8. kolovoza 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]