Планина Атлас

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Атлас е планинска област во северозападна Африка, која се наоѓа меѓу Атланскиот Океан со Средоземното Море и пустината Сахара. Се протега во државите Мароко, Алжир и Тунис. Има должина од околу 2 500км, а широчина од 250 до 300км. Највисоките врвови достигаат над 4 000м. Планината Атлас е сиромашна со вода. Климата при Атланскиот Океан и Средоземното море во пониските делови е средоземноморска, во повисоките делови е степска, а од јужната страна на планината е пустинска. Населението е разместено во приморските делови.