Пиратска партија (Шведска)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пиратска партија
ВодачАна Троберг[1]
Генерален секретарЈан Линдгрен
Основана1 јануари 2006 (2006-01-01)
Штабpiratpartiet.se
МладинаМлади Пирати
ИдеологијаПиратска политика,
Слобода на информирање
Меѓународна припадностМеѓународни пиратски партии
Европска припадностNone
Европски парламентЗелени - Европска слободна алијанса
БоиPurple
Parliament:
0 / 349
Европски парламент:
2 / 20
Мрежно место
http://www.piratpartiet.se/
Политика на Шведска
Политички партии
Избори

Пиратската партија (шведски: Piratpartiet) е политичка партија формирана во Шведска во 2006 година. Сега таа во Шведска е трета по број на членови. Нејзината популарност влијаеше на зголемувањето на популарноста и на другите партии во другите земји со исти или слични цели. Формирана е Меѓународна пиратска партија.

Партијата тежнее кон реформа во законодавството према авторските права и патентите. Агендатата подразбира поддршка на правото на приватност, како на интернет така и во секојдневниот живот, и транспарентност на државата и администрацијата.[2]

Партијата учествувала на изборите за парламент на Шведска во 2006 година и освоила 0,63% гласови со што станала трета партија по бројот на гласови надвор од парламентот. По бројот на членови ја престигнала Партијата на Зелените во декември 2008 година, а партијата на левицата во февруари 2009, либерално демохристијанската партија во април 2009[3], а партијата на центарот во мај 2009 година, со што станала трета партија по бројот на членови во Шведска. Организацијата на Млади Пирати која е подмладок на Пиратската партија е најголема организација на млади по својот број. На изборите за европскиот парламент во 2009 година Пиратската партија добила 7,13% од гласовите што резултирало со еден мандат во Европскиот парламент, а две доколку се ратификува Лисабонскиот договор.[4][5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rick Falkvinge - After five years I'm stepping down as Party Leader
  2. – Ledarredaktionen, Dagens Nyheter. „The Pirate Party | Piratpartiet“. Piratpartiet.se. Архивирано од изворникот на 2009-06-27. Посетено на 8 јуни 2009.
  3. Result of Verdict, for the Pirate Party Архивирано на 20 април 2009 г.. Blog Pirate. April 17, 2009.
  4. „Röster - Val 2009“. Архивирано од изворникот на 2010-08-12. Посетено на 2014-01-15.
  5. Stockholm TT (4 јуни 2009). „Piraterna in i EU-parlamentet | Inrikes | SvD“ (шведски). Svd.se. Посетено на 8 јуни 2009.