Петре Димовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Петре Димовски

Петре Димовски (раскажувач, романсиер, моно-драмски писател) е роден 1946 година во Брод, Битола. Од 1966 до 1969 година бил печалбар во Австралија. Во 1975 година дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како референт за компјутерска обработка на податоци, лектор и новинар. Моментално работи како професор во Битола. Го покренал и уредувал списанието за литература Раст.

Ги објавил следните дела:
Преломи, раскази, КММ 1973
Жед и жештини, раскази, БИД Мисирков 1994
Пламенка, роман, Нова зора 1996
Резервна тајна, роман, Наша книга 1997
Крилја, роман, Наша книга 1998
Сонце во келијата, роман, Матица 2000
Ни свој, монодрами, Матица 2002
Црната мачка, раскази, Култура 2002
Балканскиот ѓавол, роман, Феникс 2004
Големата авантура, роман, Врв 2007
Потрага по корените, роман, Дијалог 2008.

Добитник е на Наградата 4-ти Ноември за збирката раскази Жед и жештини,на Првата награда на БИД Мисирков за романот Пламенка, Наградата на Фестивалот на монодрамата за монодрамите Ни свој, Наградата Тренд на ИК Феникс за романот Балканскиот ѓавол, наградата Ванчо Николески на Друштвото на писателите на Македонија за романот Големата авантура и наградата на ТВ Орбис.