Пеликани

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пеликани
Период: Oligocene-Recent, 30–0 мг
Обичен пеликан
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Пеликановидни
Фамилија: Пеликани
Rafinesque, 1815
Типски вид
Pelecanus onocrotalus
Linnaeus, 1758
Видови

8, во текстот

Пеликаните се фамилија големи водни птици. Карактеристични се со нивниот долг клун и вреќичката под него, која им служи за лов и исцедување на водата од клунот. Тие имаат светло перје, со исклучок само на два вида. Клуновите, ќесичката и кожата на лицето им добива малку боја пред сезоната на парење. Фосилните остатоци од пеликаните се стари најмалку 30 милиони години.

Таксономија и систематизација[уреди]

Фамијата на пеликаните прв официјално ја опишал Карл Лине во 1758.[1] Името потекнува од старогрчкото пелекан (πελεκάν),[2] што произлегува од зборот пелекис (πελεκυς) кој значи „секира“.[3] Во античко време, зборот се однесувал и на пеликаните и на клукајдрвците.[4]

Фамилијата на пеликаните го дале своето име на редот пеликановидни, кој со текот на времето претрпува промени.[5]



Suliformes


Pelecaniformes


Ardeidae



Threskiornithidae






Scopus umbretta



Balaeniceps rex




Пеликани (Pelecanus)





Дијаграмот е базиран на Hackett et al. (2008).[5]


Видови[уреди]

Осумте вида пеликани може да ги поделиме во 2 групи, едната со 4 пеликани кои гнездат на земја со претежно бели перја, и другата со 4 пеликани со сиви или кафени перја и кои гнездат или на дрва или на морски карпи.

Живи видови пеликани
Секојдневни и стручни називи на птиците[6] Фотографија Опис Ранг и статус
Кафен пеликан
Pelecanus occidentalis
Лине, 1766
Brown Pelican
Долг е 1.4 m, распон на крилјата 2 – 2.3 m, тежи 3.6 – 4.5 kg.[7] Најмал пеликан, прекриен со кафено перје, се храни со нурнување.[8] Пет подвида. Живее од брегот на северна Америка и Карибите до јужна Америка и Галапагос.[9] Статус: Најмала загриженост.[10]
Перуански пеликан
Pelecanus thagus
Молин, 1782
Peruvian Pelican
Долг е 1.52 m, распон на крилјата 2.48 m, [11] тежи околу 7 kg.[12] Со темни перје и светли линии од главата надолу по страните на вратот. Монотипичен е. Пацифичкиот брег на јужна Америка, од Еквадор и Перу до јужен Чиле.[9] Статус: Близу до загрозен.[13]
Точкастоклун пеликан
Pelecanus philippensis
Гмелин, 1789
Spot-billed Pelican
Долг е 1.27 – 1.52 m, распон на крилјата 2.5 m, тежи околу 5 kg.[14] Претежно има сиво-бело перје, розевкаста задница и клун со точки.[14] Монотипичен. Јужна Азија, од јужен Пакистан, преку Индија, источно до Индонезија;[9] веќе изумрен во Филипини и источна Кина.[14] Статус: Близу до загрозен.
Розов пеликан
Pelecanus rufescens
Gmelin, 1789
Pink-backed Pelican
Долг е 1.25 – 1.32 m, распон на крилјата 2.65 – 2.9 m,[15] тежи 3.9 – 7 kg.[16] Сиво-бело перје, повремено розевкасто на грбот, со жолта точка на врвот на клунот и сива ќесичка.[15] Монотипичен. Африка, Сејшели и југозападна Арабија;[9] изумрен на Мадагаскар.[17] Статус: Најмала загриженост.[18]
Американски бел пеликан
Pelecanus erythrorhynchos
Gmelin, 1789
American White Pelican
Долг е 1.3 – 1.8 m, распон на крилјата 2.44 – 2.9 m, тежи 5 – 9 kg.[19] Перјето е речиси цело бело, освен пердувите за летање кои се црни и се гледаат само во лет. Монотипичен. Северна Америка, зимува во Мексико.[9] Статус: Најмала загриженост.[20]
Обичен пеликан
Pelecanus onocrotalus
Linnaeus, 1758
Great White Pelican
Долг е 1.40 – 1.75 m, распон на крилјата 2.45 – 2.95 m, тежи 10 – 11 kg.[21][22] Бело перје, со розевкасто лице и нозе. Монотипичен. Широко распространет, од источен Медитеран, на исток до Индокина, на југ до јужна Африка.[9] Статус: Најмала загриженост.[23]
Кадрав пеликан
Pelecanus crispus
Bruch, 1832
Dalmatian Pelican
Долг е 1.60 – 1.80 m, распон на крилја 2.70 – 3.20 m, тежи 10 – 12 kg .[21][22] Најголем пеликан, со кадрави перје на главата, сиви нозе и сивкасто-бело перје.[15] Монотипичен. Југоисточна Европа, до Индија и Кина.[9] Статус: Ранлив.
Австралиски пеликан
Pelecanus conspicillatus
Temminck, 1824
Australian Pelican
Долг е 1.60 – 1.90 m, распон на крилјата 2.5 – 3.4 m, тежи 4 – 8.2 kg.[24] Претежно бело перје, со црни пердуви на крилјата, и долг, тенок розев клун. Монотипичен. Австралија и Нова Гвинеа, повремено се среќава во Нов Зеланд, Соломони, Бизмарков Архипелаг, Фиџи.[9] Статус: Најмала загриженост.[25]

Опис[уреди]

Лов на риби, кафен пеликан, Јамајка

Пеликаните имаат крупно тело покриено со бели, розево-бели, сиво-бели или потемни пердуви. Перјата за летање на врвовите од крилата им се црни или темни. Имаат мала глава, долг врат, а карактеристичен е нивниот долг клун со растегливо ќесе. Розевкастите нозе им се кратки и силни, а четирите прсти споени со кожичка за пливање. На земја е тромав, но добро плива и многу добро и високо лета. Живеат во јата, крај големи езера, мочварни брегови, плитки калливи морски брегови или широки речни утоки.

Исхрана[уреди]

Се храни со риби кои ги ловат заеднички, но и со други водни животни. Пленот го здогледуваат во лет, па слетуваат во полукруг со раширени крилја и ги опкружуваат преплашените риби.

Размножување[уреди]

Во сезоната на парење, голите површини кожа им добиваат поживи бои: жолта, портокалова или црвена. Гнездата ги прават во поголеми колонии, на земја, со трски, водени растенија и гранки. Еднаш годишно снесуваат 2-3 бели јајца. Младенчињата ги хранат и двата родитела, со полусварена храна која ја чуваат во ќесичката под клунот.


Наводи[уреди]

  1. Linnaeus, C. (1758) (на Latin). „Systema Naturae per Regna Tria Naturae, Secundum Classes, Ordines, Genera, Species, cum Characteribus, Differentiis, Synonymis, Locis. Tomus I. Editio Decima, Reformata“. Holmiae: Laurentii Salvii. стр. 132–34. http://biodiversitylibrary.org/page/727037. „Rostrum edentulum, rectum: apice adunco, unguiculato. Nares lineares. Facies nuda. Pedes digitís omnibus palmatis.“ 
  2. Jobling, James A. (2010). „The Helm Dictionary of Scientific Bird Names“. London, United Kingdom: Christopher Helm. стр. 296. ISBN 978-1-4081-2501-4. 
  3. Partridge, Eric (1983). „Origins: a Short Etymological Dictionary of Modern English“. New York, New York: Greenwich House. стр. 479. ISBN 0-517-414252. 
  4. „Pelican“. Oxford English Dictionary (2nd). (1989). Изд. Simpson, J.; Weiner, E.. Oxford, United Kingdom: Clarendon Press.
  5. 5,0 5,1 Hackett, S.J.; Kimball, R.T.; Reddy, S.; Bowie, R.C.K.; Braun, E.L.; Braun, M.J.; Chojnowski, J.L.; Cox, W.A.; Han, K.-L.; Harshman, J.; Huddleston, C.J.; Marks, B.D.; Miglia, K.J.; Moore, W.A.; Sheldon, F.H.; Steadman, D.W.; Witt, C.C.; Yuri, T. (2008). „A Phylogenomic Study of Birds Reveals Their Evolutionary History“. „Science“ 320 (5884): 1763–68. doi:10.1126/science.1157704. PMID 18583609. 
  6. „Zoological Nomenclature Resource: Pelecaniformes (Version 2.003)“. www.zoonomen.net. 14 декември 2011. http://www.zoonomen.net/avtax/pele.html. конс. 21 мај 2012. 
  7. „Brown Pelican“. „Endangered Species Program information sheet“. US Fish & Wildlife Service. ноември 2009. http://www.fws.gov/contaminants/pdf/brown_pelicanfactsheet09.pdf. конс. 9 јуни 2012. 
  8. Ridgely, Robert S.; Gwynne, John A. (1992). „A Guide to the Birds of Panama: With Costa Rica, Nicaragua, and Honduras“. Princeton, New Jersey: Princeton University Press. стр. 63. ISBN 0691025126. http://books.google.com/?id=H9INVOMUgOAC. конс. 29 јуни 2012. 
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 Sibley, Charles Gald; Monroe, Burt Leavelle (1990). „Distribution and Taxonomy of Birds of the World“. Yale University Press. стр. 314–15. ISBN 0300049692. http://books.google.com/?id=Wk-vyrNVAccC. конс. 29 јуни 2012. 
  10. BirdLife International (2011). „Pelecanus occidentalis“. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2011.2“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/160032208. конс. 19 јуни 2012.  (англиски)
  11. Chester, Sharon R. (2008). „A Wildlife Guide to Chile: Continental Chile, Chilean Antarctica, Easter Island, Juan Fernández Archipelago“. Princeton, New Jersey: Princeton University Press. стр. 174–75. ISBN 0691129762. http://books.google.com/?id=qrI5ph6BWiIC. конс. 29 јуни 2012. 
  12. Austermühle, Stefan (Updated 17 October 2010). „Peruvian Pelican“. Mundo Azul. http://mundoazul.org/habitats-species/marine-birds/peruvian-pelican-pelecanus-thagus/. конс. 9 јуни 2012. 
  13. BirdLife International (2011). „Pelecanus thagus“. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2011.2“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003816. конс. 19 јуни 2012.  (англиски)
  14. 14,0 14,1 14,2 Brazil, Mark (2009). „Birds of East Asia“. London, United Kingdom: A&C Black. стр. 110. ISBN 0713670401. http://books.google.com/?id=7-GgBoivL70C. конс. 29 јуни 2012. 
  15. 15,0 15,1 15,2 Beaman, Mark; Madge, Steve (2010). „The Handbook of Bird Identification: For Europe and the Western Palearctic“. London, United Kingdom: A&C Black. стр. 83–85. ISBN 1408134942. http://books.google.com/?id=M_RpY0i2blYC. конс. 29 јуни 2012. 
  16. Elliott (1992), p. 309
  17. Langrand, Olivier (1990). „Guide to the Birds of Madagascar“. New Haven, Connecticut: Yale University Press. стр. 96. ISBN 0300043104. http://books.google.com/?id=VYVqhOqS2WEC. конс. 29 јуни 2012. 
  18. BirdLife International (2011). „Pelecanus rufescens“. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2011.2“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003810. конс. 19 јуни 2012.  (англиски)
  19. Nellis, David W. (2001). „Common Coastal Birds of Florida & the Caribbean“. Sarasota, Florida: Pineapple Press. стр. 11. ISBN 1-56164-191-X. http://books.google.com/?id=-REZ4R8wBg4C. конс. 29 јуни 2012. 
  20. BirdLife International (2011). „Pelecanus erythrorhynchos“. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2011.2“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003814. конс. 19 јуни 2012.  (англиски)
  21. 21,0 21,1 Snow, David; Perrins, Christopher M, уред (1998). „The Birds of the Western Palearctic concise edition (2 volumes)“. Oxford, United Kingdom: Oxford University Press. стр. 93–98. ISBN 0-19-854099-X. 
  22. 22,0 22,1 Mullarney, Killian; Svensson, Lars; Zetterstrom, Dan; Grant, Peter (1999). „Collins Bird Guide“. Collins. стр. 76. ISBN 0-00-219728-6. 
  23. BirdLife International (2011). „Pelecanus onocrotalus“. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2011.2“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003809. конс. 19 јуни 2012.  (англиски)
  24. „Australian Pelican“. Unique Australian Animals. http://australian-animals.net/pelican.htm. конс. 10 јуни 2012. 
  25. BirdLife International (2011). „Pelecanus conspicillatus“. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2011.2“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003813. конс. 19 јуни 2012.  (англиски)

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: