Панта Џамбазоски — македонски тапанар и новинар. Тој е автор на името на една од најдобрите македонски рок бендови, Мизар, каде членувал седум години. Потоа кратко време поминал во Берлин гори. Кон крајот на 1988. година Панта Џамбазоски станал првиот тапанар на групата Архангел. Во моментов работи во една од најгледаните приватни телевизии во Македонија - телевизија Телма. Новинарската кариера ја започнал во списанието „Млад Борец“, каде најпрво бил уредник од областа на музиката, а потоа преминал во политичката рубрика. Потоа беше уредник во македонскиот дневен весник Нова Македонија.