Драган Гиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драган Гиновски
Родено имеДраган Гиновски
Роден(а)30 март 1967
Скопје, Македонија
Жанровипоп, рок
Занимањагитарист
Период на активност1980–денес
Соработници

Драган Гиновски - Гино (роден на 30 март 1967 година во Скопје) — македонски музичар, најпознат како гитарист на музичката група Архaнгел и Темпера.

Животопис[уреди | уреди извор]

Драган Гиновски дипломирал на Металуршкиот факултет во 1993 година. Слободното време го поминувал во поправка на гудачки инструменти. Соработувал со Горан Трајковски, Александар Вељанов, Moons, Mooger-fooger, V.I.S. Vox.

На возраст од 15 години тој ја формирал групата „Gino de Gagi“. Во 1988 година, заедно со Ристо Вртев и Дејан Аргировски-Ушко го основал македонскиот бенд Архангел. Во Архангел бил до 2011 година, кога се приклучил на Темпера.

Оженет е со пејачката Андријана Јаневска. Двојката има два сина, Димитар (2011) и Кристијан (2015). Сопственици се на музичкото студио Гиновски.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]