Панамски Канал

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Панамски канал)
Прејди на: содржини, барај
Qqqqq.jpg
Панамскиот Канал

Панамски Канал — вештачки канал што се наоѓа во најјужниот дел на Панама и ги поврзува Тихиот и Атлантскиот Океан, а ги разделува Северна и Јужна Америка. Градењето на каналот бил еден од најголемите и најтешки инженерски проекти во историјата. Неговото прокопување имало огромно влијание врз морепловството помеѓу двата океана, скратувајќи ја долгата и опасна рута. Панамскиот Канал е со должина од 81,6 км, длабок е 12,5 м и широк 150 м.

Градењето на каналот отпочнало во 1879 година од стана на Франција. Во 1903 година е потпишан договор помеѓу Панама и САД за користење на каналот од стана на САД и тоа овозможило каналот да биде завршен во 1914 година. За изградбата на каналот се потрошени вкупно 390 милиони долари, кои денес имаат вредност на 400 милијарди долари. Во текот на градењето на каналот вкупно 5609 работници го загубиле својот живот.

Од неговото отвoрање во 1920 година, каналот претставува голем успех, и продолжува да биде главен фактор во меѓународниот бродски транспорт. Секоја година низ каналот поминуваат околу 14.000 брода, носејќи повеќе од 205 милиони тони товар. До 2002 година, низ каналот вкупно поминале околу 800.000 брода. Најнормално поминување низ каналот од страна на товарен брод трае околу девет часа.

По Втората светска војна, односите помеѓу САД и Панама се заладени. Расте незадоволството кај народот на Панама што тие немаат право на бенефициите од каналот. Тоа води до преговори помеѓу двете држави и во 1977 година е потпишан договор помеѓу САД и Панама за постепено враќање на суверинитетот на каналот од САД на Панама. Целосна контрола врз каналот, Панама воспоставува на 31 декември 1999 година.

Надворешни врски[уреди]