Остерхајде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Местоположбата на округот во округот Хајдекрајс

Остерхајде (германски: Osterheide) — населена слободна област во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во јужниот дел на Линебуршкото Поле.

Областа има површина од 177,99 км² и има 2.105 жители (2018 г.). Заедно со слободната област Лохајде е дел од воениот полигон „Берген-Хоне“.

Географија[уреди | уреди извор]

Соседни општини на областа се:

Единици[уреди | уреди извор]

Областа е поделена на десет единици:

  • Беклингер Холц
  • Фурхоп
  • Вензе
  • Унтерајнцинген
  • Оберајнцинген
  • Ербке
  • Хартем
  • Оберндорфмарк
  • Оберходе
  • Крелинген

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1935 година, германската војска го основала воениот полигон „Берген“ помеѓу градот Берген и Фалингбостел. Вкупно 24 села биле погодени, а нивните жители преселени. Во 1938 година бил создаден посебен округ Берген (Gutsbezirk Platz Bergen) за да го раководи полигонот и бил под округот Фалингбостел. Во 1945 година, округот бил поделен на две слободни области, познати денес како Остерхајде и Лохајде. Остерхајде останал дел од округот Фалингбостел, додека Лохајде бил преместен под округот Целе.

Правен статус[уреди | уреди извор]

Според член 16 од општинските одредби на Долна Саксонија, управувањето со нездружени подрачје е регулирано. Целосната верзија на овие одредби биле издадени на 4 декември 1996 година. Таму се наведува дека „испораката на јавни добра за областа е одговорност на земјопоседникот“, што во случај на Лохајде и Остерхајде, е сојузната влада. Управувањето со нездружено подрачје е различно од она на општините. Тие имаат окружен предводник (Bezirksvorsteher) и совет на избрани претставници од жителите.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • во Ербке:
    • гробишта на незнајните војници, на кои се закопани околу 30.000 советски воени заробеници од Втората светска војна
  • во и околу Остенхолц:
    • црква во фахверк со дрвена кула од 1724 година
    • Хоер Штајн, спомен-плоча за случувањата од 1936 година
    • Зибен Штајнхојзер, мегалитски гробови
  • во Вензе:
    • капела од 1558 година

Наводи[уреди | уреди извор]