Барнсторф-Варле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Местоположбата на областа во округот Волфенбител

Барнсторф-Варле (германски: Barnstorf-Warle)) — слободна област во округот Волфенбител, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Областа има површина од 1,29 км2[1] и се граничи на исток па надесно со ексклава на општината Далум, на југ со слободната област Фогтсдалум и на запад со општината Шепенштет во истиот округ. На север се граничи со слободната област Брунслеберфелд во округот Хелмштет.

Слободната област е ненаселена. Од статистички причини се води под бројот 03 1 58 502.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]