Основен суд Дебар
Основен суд Дебар — суд со основна надлежност сместен во градот Дебар и го опфаќа подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа.[1]
Судот во Дебар ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Дебар одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.
Историја[уреди | уреди извор]
Основниот суд во Дебар, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.
Внатрешна организација[уреди | уреди извор]
Основниот суд во Дебар е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.