Министерство за правда на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Министерство за правда
Зградата на министерството за правда
Податоци за органот
Надлежност Влада на Македонија
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 221[1] (2016)
Надлежен министер Билен Салиу
Мрежно место
pravda.gov.mk


Министерството за правда или скратено МП, е едно од министерствата во Владата на Македонија.

Надлежности[уреди | уреди извор]

Надлежностите на министерството се[2]:

- судството, јавното обвинителство, јавното правобранителство;
- државната управа;
- кривичната одговорност и одговорноста за прекршоци;
- нотарските работи, адвокатурата и други видови правна помош;
- наследувањето, сопственоста, стварните права и облигационите односи;
- меѓународната правна помош;
- извршувањето на санкциите за кривични дела и прекршоци;
- организацијата и управувањето со казнено-поправните и воспитно-поправните установи;
- амнестијата и помилувањето;
- судските вештачења, експертизи и супер-вештачења;
- изборниот систем, водењето евиденција на избирачкото право;
- кривичната, прекршочната, парничната, вонпроцесната, извршната и управната постапка;
- управниот надзор;
- вршењето на работите што не спаѓаат во надлежност на друг орган на државната управа и
- врши други работи утврдени со закон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2016 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-04-18. Посетено на 2018-04-16.
  2. Министерства на Македонија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]