Министерство за внатрешни работи на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Министерство за внатрешни работи
Macedonian Police insignia.png
Факти
Основана 1944
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Министер Гордана Јанкуловска
Мрежно место
mvr.gov.mk


Министерство за внатрешни работи на Република Македонија (МВР)— едно од министерствата во Владата на РМ задолжено за полицијата и сите внатрешни работи во земјата.

Историја[уреди]

Христо Ќурчиев — градоначалник на Крушево и прв македонски министер за милиција

Уште во времето на Крушевската Република, во рамките на Привремената влада постоел ресор за милиција, одбосно Милиција на Крушевската република. Одговорен за овој ресор бил Христо Ќурчиев. Должноста на милицијата била таа да се грижи за безбедноста и редот во новопрогласената востаничка република.

На првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 г. е формиран и Президиумот на АСНОМ (кој ги има законодавните и извршните ингеренции), а на 6 август во село Рамно се формираат осум поверенства, меѓу кои и Поверенство за внатрешни работи. За повереник е избран Кирил Петрушев.[1]

При изборот на првата влада на Македонија на Третото заседание на АСНОМ на 16 април 1945 година, Петрушев е избран за министер за внатрешни работи.[2]

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]