Осман Мифтари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Осман Мифтари
Роден 15 мај 1915
Видуше, Гостиварско, Кралство Србија
Починал 2000
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање правник

Осман Мифтари (роден на 15 мај 1915 година во село Видуше, Гостиварско - починал во 2000 година во Скопје) — македонски правник.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Осман Мифтари ја завршил Великата медреса во Скопје (1936), а потоа дипломирал на Правниот факултет во Белград (1940). Во времето на НОБ извесно време бил во логор во Приштина. По Ослободувањето бил претседател на Окружниот одбор на НФМ и повереник за финансии на Окружниот народен одбор во Скопје, потоа судија во Врховниот суд на НРМ (1947/51), претседател на Окружниот суд и претседател на Народниот одбор на Општината Гостивар (1951/60), претседател на Околискиот комитет на ССРНМ и секретар на Околискиот комитет на СКМ во Тетово, член на Извршниот совет на СРМ (1963/7), народен пратеник во Републичкиот собор на Народното Собрание на НРМ (1953-1957), народен пратеник во Народното Собрание на СФРЈ, член на Главниот одбор на ССРНМ и на Сојузниот одбор на ССРНЈ, член на ЦК на СКМ, член на постојаниот дел на Конференцијата на СКМ, претседател на Врховниот суд на СРМ (1967/75) и судија на Уставниот суд на СРМ (1975/84). Бил одговорен уредник на зборникот „Збирка на судски одлуки на Врховниот суд на Македонија“ (Скопје, 1975).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мифтари“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 969–970. Text "series " ignored (help)