Општина Шемпетер-Вртојба

Координати: 45°55′N 13°39′E / 45.917° СГШ; 13.650° ИГД / 45.917; 13.650
Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Шемпетер-Вртојба
Občina Šempeter - Vrtojba
општина
Шемпетер кај Горица со италијанскиот град Горица во позадината
Шемпетер кај Горица со италијанскиот град Горица во позадината
Грб на Општина Шемпетер-Вртојба
Местоположба на Општина Шемпетер-Вртојба во Словенија
Местоположба на Општина Шемпетер-Вртојба во Словенија
Земја Словенија
ОбластПриморска
Стат. регионГорички
СедиштеШемпетер кај Горица
Управа
 • ГрадоначалникМилан Турк
Површина
 • Вкупна15,0 км2 (60 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно6.292
 • Густина42/км2 (110/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02)
Мреж. местоsempeter-vrtojba.si Уредете го ова на Википодатоците

Општина Шемпетер-Вртојба (словенечки: Občina Šempeter - Vrtojba; италијански: Comune di San Pietro-Vertoiba) — општина во западна Словенија, сместена крај границата со Италија. Седиште на општината е населбата Шемпетер кај Горица. Областа е дел од историскиот регион Приморска. Денес е дел од Горичкиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 6.292 жители.

Населени места[уреди | уреди извор]

Покрај општинското седиште Шемпетер кај Горица, општината ги опфаќа и следните населени места:

Историја[уреди | уреди извор]

Порано обете населени места биле предградија на градот Горица. Во 1947 г. влегле во состав на Југославија, а Горица останала во Италија. Оттогаш местата одделно се развиваат. Денес општината образува една непрекината урбана целина со соседните градови Нова Горица (во Словенија) и Горица (во Италија).[2] Од мај 2011 г. овие три општини се здружени во прекугранична метрополитенска област, управувана од заеднички орган.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
  2. Šempeter-Vrtojba municipal site
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-10. Посетено на 2021-09-06.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]