Оптичко препознавање на знаци
Од Википедија
Оптичко препознавање на знаци (англиски: Optical character recognition, OCR; ОЦР) е технологија за механичко или електронско претворање на материјални слики (фотографии, печатен текст, ракописен текст) во текстуален податок којшто може да се уредува на компјутер. Сликите обично се скенираат преку скенер, но и било каква друга слика којашто содржи текст, може да биде преведена во текстуална датотека.
[уреди] Софтвер за ОЦР
За претворање на една слика во текст со можност за негово уредување, потребен е соодветен софтвер.