Новоселско училиште (Штип)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Новоселско училиште
Градбата во 2013 година
Карта
Општи податоци
СтатусКористена како ректорат
Споменик на културата
Адресаул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
ГрадНово Село, Штип
ЗемјаМакедонија
Координати41°44′10.8″N 22°10′56.6″E / 41.736333° СГШ; 22.182389° ИГД / 41.736333; 22.182389
Почната1870-тите
Обновена1941
2010
Урната1941
СопственикУниверзитет „Гоце Делчев“
Технички податоци
Катови3 + подрум

Новоселско училиште - зградата на поранешното училиште во Ново Село, Штип, Македонија. Истата таа зграда сега е дом на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“. Градбата е заведена како Културно наследство на Македонија.[1] Се наоѓа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Историја[уреди | уреди извор]

Како училишна установа[уреди | уреди извор]

Училиштето во почетокот на 20 век.

Темелите на градбата биле поставени во 1870-тите години. Првата учебна година била во 1882 година.[2] Во училиштето две години предавал револуционерот Гоце Делчев во периодот 1894-1896 година.[3] Исто така, учителствувале и Даме Груев, Петар Поп Арсов, Тодор Лазаров, Мише Развигоров, Димитар Мирасчиев.[2] Во 1912 година, во училиштето биле вработени 7 учители кои предавале на 151 ученик и 100 ученички. За време на Балканските војни, училиштето било претворено во болница. Во време на Првата светска војна, служело за воени потреби.[4]

Помеѓу двете светски војни, училиштето било основно училиште од прво до четврто одделение. Пред почетокот на Априлската војна во 1941, училиштето било опожарено и речиси целосно уништено, кога само останале темелите и некои ѕидови. Веднаш со доаѓањето на бугарската власт, биле направени градежни зафати и новата верзија на градбата била малку поразлична на лик од старата градба. Дури и уписите за ученици започнале во септември истата година.[4]

Во периодот 1946-1949 година, местото било дом на Учителската школа. Подоцна била сместена Штипската гимназија. Во последните години како училишна установа, местото била училишна зграда во составот на ОУ „Ванчо Прке“.[4]

Како ректорат[уреди | уреди извор]

Градбата во 2010 година за време обновувањето.

Градбата била обновена со цел да постане седиште на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“.[3][4]

Галерија[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 23 март 2022.
  2. 2,0 2,1 доц. д-р Цацков, Оливер. „Зградата на ректоратот во Штип, објект што ги поврзува минатото, сегашноста и иднината“ (PDF). Универзитет „Гоце Делчев“. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 1 ноември 2018. Посетено на 23 март 2022.
  3. 3,0 3,1 „Училиште „Гоце Делчев" (Ново Село)“. Општина Штип. 10 декември 2009. Архивирано од изворникот на 12 февруари 2014. Посетено на 23 март 2022. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 доц. д-р Цацков, Оливер. „Зградата на ректоратот во Штип, објект што ги поврзува минатото, сегашноста и иднината“ (PDF). Универзитет „Гоце Делчев“. стр. 2. Архивирано од изворникот (PDF) на 1 ноември 2018. Посетено на 23 март 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]