Никола Штерјоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Штерјоски
Роден 1921 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал 1943 година
Горни Милановац, Србија
Националност Македонец

Никола Стефанов Штерјоски ( 1921 во Кичево1943 во Горни Милановац, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Југославија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште, учел вечерно трговско училиште. По занимање бил шивач. Немајќи услови за живеење, заминал на работа во Белград каде останал да живее и за време на окупацијата. Никола уште пред Војната бил организиран од напредната работничка младина, учествувал во мартовските демонстрации ѝ бил активен член на УРС-овите синдикати. Во текот на 1943 година пробал да се поврзе со партизаните, но наишол на погрешна врска ѝ кај Горни Милановац упаднал во четничко гнездо, каде бил ѝ убиен.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 143.