Николас Спаркс (писател)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Николас Спаркс (писател)

Николас Чарлс Спаркс (роден на 31 декември 1965 година) е меѓународен Американски романсиер писател на бестселери и филмски сценарист. Има издадено 17 романи со теми кои вклучуваат христијанска вера,љубов, трагедија и судбина. Шест од нив се прилагодени за филм и тоа Порака во шише, Прошетка за паметење, Страници на љубовта, Ноќи во Роданте, Драги Џон и Последната песна. Вистински верник и Среќникот се очекува да се се издадат како филмови во 2011 година.

Ран Живот[уреди]

Николас Спаркс е роден на 31 декемвре 1965 година, во Омаха, Небраска, на Патрик Мајкл Спаркс, професор и Џил Ема Мари (родена Тоен) Спаркс, домаќинка и помошник оптометрист. Тој бил средно од трите деца, со постар брат Мајкл Ерл „Мика“ Спаркс (1964 -) и помлада сестра Даниеле „Дана“ Спаркс (1966-2000), која умре на 33 годишна возраст. Спаркс има изјавено дека таа е инспирацијата за главниот лик во неговиот роман Прошетка за паметење.

Спаркс е израснат како Романокатолик и има германско, чешко, англиско и ирско потекло. Тој и неговата сопруга се побожни католици, и ги воспитуваат нивните деца во католичката вера.„Јас израснав како католик, крстен сум, посетував неделно училиште , одев во Нотр Дам, одам на исповед и во црква секоја недела,“вели авторот.„Мојот најстар син е олтарно момче. Сите мои деца одат во Католичкото училиште. Мојата жена Катерина е израсната како католик. Се венчавме во Католичка црква.“

Неговиот татко ги завршувал дипломските студии и семејството многу се селело, па додека Спаркс да наполни 8 години живеел во Ватертаун, Минесота, Лос Анџелес и Гранд Ајланд, Небраска.Во 1974 година неговото семејство се преселило во Феир Оакс, Калифорнија и останале таму во текот на средношколските деновина Николас. Тој матурирал во 1984 година како ученик со највисок просек од Гимназијата Бела Виста, потоа се запишал на Универзитетот во Нотер Дам откако добил целосна стипендија за атлетика. Во неговата прва година, неговиот тим поставил рекорд за 4 х 800 штафета.Спаркс студирал деловни финансии и дипломирал со високи почести во 1988 година. Таа година ја запознал и неговата идна сопруга, Кети Кот од Њу Хемпшир, додека и двајцата престојувале на пролетен одмор. Се венчале на 22 јули 1989 година и се преселиле во Сакраменто,Калифорнија.

Писателска кариера[уреди]

Додека сеуште бил ученик во 1985 година, Спаркс го напишал неговиот прв (никогаш необјавен) роман, Предавање, додека бил дома за летото помеѓу бруцошката и сафоморската година во Нотр Дам. Во 1989 година напишал уште еден роман, исто така необјавен, Кралски Убиства.

По завршувањето на колеџот Спаркс побарал работа кај издавачи а се обидел и да се запише на правен факултет, но и од двете места бил одбиен. Наредните три години ги поминал пробувајки други кариери, вклучувајќи проценка на недвижен имот, продавал стоматолошки производи преку телефон и започнал негов производствен бизнис.

Во 1990 година, Спаркс започнал да пишува со Били Милс Вокини: Лакота патување до среќа и саморазбирање. Книгата е издадена од Feather Publishing, Random House и Hay House. Продажбата на оваа книга достигнала околу 50 000 копии во првата година од нејзиното издавање.

Во 1992 година, Спаркс почнал да продава фармацевтски производи и во 1993 година бил преместен во Гринвил,СЦ. Таму во неговото слободно време напишал уште еден роман,Страници на љубовта. Две години подоцна, тој бил откриен од литературен агент Тереза Парк, која ја зела Страници на љубовта од купот други романи во нејзината агенција, и се допаднал и понудила да го претставува. Во октомври 1996 година, Парк обезбедила 1 милион долари однапред за Страници на љубовта од Time Warner Book Group. Романот е издаден во октомври 1996 година и станал бестселер на списокот на Њујорк Тајмс во првата недела од неговото издавање.

Со успехот на неговиот прв роман, Спаркс се преселил во Њу Берн, НЦ. По неговиот прв издавачки успех, напишал неколку меѓународни бестселери. Шест од неговите романи се пролагодени за филм: Порака во шише (1999), Прошетка за паметење (2002), Страници на љубовта (2004), Ноќи во Роданте (2008), Драги Џон (2010) и Последната песна (2010).

Спорен неговата веб локација, тој ги продал и прилагодените филмски сценарија на Вистински Верник и На прв поглед. Неговиот последен роман прилагоден во филмско сценарио, Последната песна, е претворен во филм продуциран од Offspring Entertainment за Touchstone Pictures во кој главен лик е Мајли Сајрус.

Спаркс го започнал неговиот 16ти роман, Засолниште, на 17 фебруари 2010 година, и беше објавен на 14 септември 2010 година. Филмски продуценти на 4 август го прашале Спаркс за права да направат филм според неговиот нов роман и договорот бил склучен наредниот ден.

На 28 фебруари 2011 година, Николас Спаркс на неговата Твитер страница изјавил дека Засолниште треба да почне со производство некогаш во текот на 2011 година.

Личен живот и филантропија[уреди]

Спаркс живее во Њу Барн, Северна Каролина со неговата жена Кети, нивните три сина: Мајлс, Рајан и Лендон и керќите близначки Лекси и Савана.

Спаркс донирал песна на Гимназијата Њу Барн и придонесува во локалните и националните добротворни цели. Придонесува и за Креативната Програма за Пишување (КПП) на Нотр Дам Универзитетот со финансирањето школарини, практиканти и годишни стипендии. Во 2008 година, Ентертејнмент Викли објави дека Спаркс и неговата сопруга донирале „околу 10 милиони долари“ за отварање на христијанско приватно училиште, Школото Богојавление, кое го нагласува патувањето и доживотното учење.

Издадени дела[уреди]

Филмски прилагодувања[уреди]

Наводи[уреди]

  1. " Author Nicholas Sparks remembers his Catholic roots". Catholic-doc.org. 1999-11-04. Преземено 09-08-2009.
  2. "Formal Biography". Nicholas Sparks. 1965-12-31. Архивирано од original на 2 мај 2008 година. Преземено 09-08-2009.
  3. ^Williams, Stan (09-07-2002). [http:// "Morality in Hollywood: An Interview with Author Nicholas Sparks"]. Catholic Education Resource Center. Преземено 15-10-2010.
  4. ^Nicholas Sparks | ThinkTalk Networks - Career TV for College". Thinktalk.com. 26-09-2008. Преземено 21-10-2009.
  5. ^Billy Mills; Nicholas Sparks (July 1999). Вокини: Лакота патување до среќата и саморазбирањето. Hay House. p. 176. ISBN 978-1561706600.
  6. ^Sparks bio од ferrum.edu. Ferrum College официјална веб страница.
  7. ^for Nicholas Sparks". Book Browse. Преземено на 26 март 2006 година.
  8. ^Asked Questions about At First Sight". The Official Nicholas Sparks Web Site: The Novels. Преземено 2007 година.
  9. ^Not Found — SFGate". Sfgate.com.[dead link]
  10. ^http://twitter.com/#!/SparksNicholas
  11. ^Valby, Karen (10 октомври 2008 година). [http://"True Believer The chemistry of Nicholas Sparks -- The Notebook and Nights in Rodanthe scribe has penned 14 bestsellers in 14 years"]. Entertainment Weekly. Преземено 03-09-2009.
  12. [http://"The Epiphany School: Welcome"]. Преземено 03-09-2009.

Надворешни врски[уреди]