Неврон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Структура на типичен неврон
Човечки неокортикален пирамидален неврон обоен по методот на Голџи. Се забележуваат многубројните дендрити кои излегуваат од невроцитот.

Нервните клетки, т.е. невроните се основните единици во градбата на нервниот систем. За разлика од другите клетки во телото, невроните се карактеризираат со надразливост, осетливост и спроводливост. Овие карактеристики се во согласност со нивната специфична функција. Друга карактеристика што ја прави нервната клетка различна од другите е тоа што таа нема способност за делба, туку таа постојано расте и се развива во текот на животот на индивидуата. Особено штетно дејство врз невроните покажуваат никотинот, дрогата и алкохолот.

Секој неврон се состои од:

Поделба на невроните[уреди]

Невроните се делат според неколку критериуми:

  • Според тоа какво е телото на невронот,има ѕвездести,пирамидални или вретенести неврони
  • Според тоа од колку дендрити и неврити се состојат,има мултиполарни (со повеќе дендрити и еден неврит), биполарни (со два неврити и без дендрити) и униполарни (со еден неврит) неврони

Функција на невроните[уреди]

Основна функција на невроните е спроведување на нервниот импулс низ телото.

Создавање и спроведување нервен импулс[уреди]

За да постои нервен импулс,невронот треба да е надразнет, т.е. на него треба да дејствува одреден нервен стимул. Така,кога тој е во мирување (отсуство на дразба), поларитетот на мембраната на невронот останува таква каква што е, односно однадвор е електропозитивна, а одвнатре е електронегативна. Оваа состојба на нервната клетка се означува како мембрански потенцијал, т.е. состојба во која мембраната на невронот е поларизирана. Кога нервната клетка прима нервен стимул, нејзината мембрана станува пропуслива за натриумот навнатре, а тогаш калиумот е поттикнат да излегува од цитоплазмата во екстрацелуларната течност, преку каналите за транспорт на јони кои ги содржи самата мембрана. Ова движење на јоните предизвикува деполаризација на мембраната, т.е. таа однадвор сега е електронегативна,а одвнатре електропозитивна. Потенцијалната разлика што се создава е причина за менување на мембранскиот потенцијал во акциски потенцијал, т.е. потенцијал на дејствување. Тој како бран на деполаризација (нервен импулс) се движи долж невронот. Со завршувањето на нервната стимулација, мембраната на клетката се реполаризира, односно се враќа во мирување.