Шванова клетка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Структура на типичен неврон

Шванови клетки или невролемоцити се главни глија клетки на периферниот нервен систем (ПНС). Глија клетките имаат функција во потпора на невроните, а во ПНС ги вклучуваат и сателитските глија клетки, клетките кои ги обвиткуваат олфакторните нерви, цревните глија клетки и глија клетки кои се сместени на краевите на сензорните нерви, како Пачиниевите телца. Има два типа на Шванови клетки, миелинизирачки и немиелинизирачки. Миелинизирачките Шванови клетки ги обвиткуваат аксоните на моторните и сензорните неврони и ја формираат миелинската обвивка.

Швановите клетки имаат улога во многу важни биолошки аспекти на периферните нерви - спроведувањето на нервните импулси по должината на аксоните, развојот на нервите и нивната регенерација, нутритивна потпора за невроните, создавање на екстраклеточниот матрикс, модулирањето на невромускулната синаптичка активност и прикажување на антигени на Т-клетките.