Наредник Стаби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Наредникот Стаби

Наредникот Стаби (англиски: Sergeant Stubby; 1916 година или 1917 година4 април 1926 година) — воено куче со најмногу одликувања за време на Првата светска војна и единственото куче кое било унапредено во чин наредник за заслуги во битка. Американското прво воено куче, Стаби во Европа поминало 18 месеци и учествувало во седумнаесет битки на Западниот фронт. Тој го спаси својот полк од ненадејните напади со иперит, пронаоѓал и ги тешел ранетите, а еднаш дури заробил и германски шпион, фаќајќи го за пантолоните и држејќи го додека не го пронашле американските војници. Во САД, неговите подвизи биле на насловните страници на сите поголеми весници.

Детство и младост[уреди | уреди извор]

Стаби бил скитник од расата питбул, кој се појавил на Јеил Филд во Њу Хејвен, Конектикат, додека група војници тренирале таму. Кучето се вртело околу војниците додека тренирале, а еден војник, капларот Роберт Конрој, го засакал кучето. Кога дошло време да се замине во Европа, Конрој ја скрил Стабија на транспортниот брод кој превезувал војници. Според приказната, кога кучето го открило командантот на Конрој, Стаби наводно салутирал дека тој бил дресиран во логороткампот за обука,и командирот бил толку импресиониран што дозволил кучето да остане.[1]

Воена служба[уреди | уреди извор]

Наредникот Стаби во униформа и со одликувања

[2] Стаби служел во 102-та пешадиска, 26-та (Јенки) дивизија во ровови во Франција, каде поминал 18 месеци и учествувал во четири офанзиви и 17 битки. Ступи во битката на 5 февруари 1918 година кај Шемин де Дама ( француски: Chemin des Dames), северно од Соасон, и доживеал непрекинат оган дење и ноќе повеќе од еден месец. Во април 1918 година, во нападот на Шипреј, Стаби бил ранет во предната нога од граната која ја фрлиле Германците, кои се повлекувале. Бил испратен во позадина да се опорави, и таму, како и на фронтот, го подигал моралот. Кога се опоравил од повредата, Стаби бил вратен во рововите.

Откако самиот претрпел напад со отровен гас, Стаби научил да ја предупредува својата единица за нападите со гас, пронаоѓал ранети војници на ничија земја и — бидејќи можел да го слушне свирењето на артилериските гранати пред луѓето да можатда ги слушнат — научил да ја предупредува својата единица кога да се скријат во засолништето. Сосема самостојно заробил еден германски шпион. По ослободувањето на Шато Тјери, благодарните жени му сошиле капут на кој ги закачиле неговите бројни медали. На крајот на војната, Конрој го прошверцувал Стабиј назад дома.

По војната[уреди | уреди извор]

Тула на наредникот Стаби во Меморијалниот центар од Првата светска војна. Натписот гласи: „Наредникот Стаби, пес херој од Првата светска војна. Храбар скитник. „

Откако се вратил дома, Стаби станал славен и марширал во, и обично предводел многу паради низ Соединетите Американски Држави. Ги запознал претседателите Вилсон, Кулиџ и Хардинг. Почнувајќи од 1921 година бил на Универзитетот во Џорџтаун со Конрој, каде што бил спортска маскота. На полувремињата од натпреварите во американски фудбал му била давана топката и ја забавувал публиката туркајќи ја по теренот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Irwin, Tanya (27. 5. 2013). „Canine soldiers earn accolades: Exhibit extols virtues of WWI's Sgt. Stubby“. Toledo Blade. Посетено на 27. 5. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. The Price of Freedom: Exhibition

Надворешни врски[уреди | уреди извор]