НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ - Неготино

Координати: 41°29′5″N 22°5′28″E / 41.48472° СГШ; 22.09111° ИГД / 41.48472; 22.09111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на установата

Национална установа Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ - Неготино — културна установа во градот Неготино, која претставува центар на уметноста, музиката и целокупниот културен живот на граѓаните на целокупната Општина Неготино. Првичниот Дом на култура бил основан во 1948 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Денешниот назив, установата го добила на 6 април 2004 година, кога со измените на новиот закон за култура е преименувана од дотогашниот назив Дом на култура „Ацо Ѓорчев“ во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ - Неготино.

Објект[уреди | уреди извор]

Зградата во која е сместен центарот се наоѓа на самиот градски плоштад во Неготино. Вкупната површина на објектот е 1.000 м2. Објектот бил изграден со средства од државата и пуштен во употреба во 1948 година.

Во рамките на објектот се наоѓа голема сала со 271 седиште, која се користи за разни намени. Покрај големата сала, во објектот постои мала сала, каде фолклористите ги одржуваат своите секојдневни проби, како и уметничка галерија на површина од 45 м2.

Организација[уреди | уреди извор]

Активностите на НУЦК „Ацо Ѓорчев“ - Неготино се поделени на три сектори:

  1. драмско-сценска дејност
  2. музичко-концертна и фолклорна дејност
  3. изложбено-галериска дејност
  4. литературно-издавачка дејност
  5. кино-прикажувачка дејност

Установата вкупно има осум вработени.

Драмско-сценска дејност[уреди | уреди извор]

Аматерскиот театар е основан истата година кога е основан и самиот дом на културата, а се смета дека влече корени од некогашното спортско друштво од 1936 година, кое во тоа време имало и драмска секција. Додека постоел извел околу 150 премиерни претстави од домашни и светски автори.

Се изведуваат околу три премиери годишно со околу 15 репризи, а воедно самиот театар гостува на фестивали низ земјата и странство.

Музичко-концертна и фолклорна дејност[уреди | уреди извор]

Установата со помош на Министерството за култура на 10 август 2011 година го создала културно-уметничкото друштво „Ацо Ѓорчев“, во кое членуваат повеќе од 200 членови.

Друг ансамбл е староградскиот ансамбл „Лира“, кој ја негува староградската народна музика. Во раните 1970-ти години била создадена групата „Распеани Неготинчани“, која е претходник на овој ансамбл.

Во рамките на установата постоело и КУД „Јане Сандански“, кое со своите 150 фолклористи и 10 музичари го претставуваат народното фолклорно богатство од овој дел на Македонија. Друштвото се одделило од установата во 2011 година и сега работи самостојно.

Изложбено-галериска дејност[уреди | уреди извор]

Установата е дом на уметничката галерија „Ацо Ѓорчев“ (порано позната како „Арт М“), која постои од 2008 година.

Литературно-издавачка дејност[уреди | уреди извор]

Установата се занимава и со оваа дејност и досега имаат издадено една книга; „Крвава планина“ од писателот Горан Димов.

Кино-прикажувачка дејност[уреди | уреди извор]

Во рамките на објектот, односно во големата сала се прикажуваат домашни и странски филмови.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°29′5″N 22°5′28″E / 41.48472° СГШ; 22.09111° ИГД / 41.48472; 22.09111