Мурат (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Murat River

Реката Мурат
Извор кај планината Арарат, северно од езерото Ван
Утока Карасу, кај Кебан, Елазиг
Место Источна Анадолија, Турција
Должина 722 км
Надм. вис. на изворот 2.720 м
Надм. вис. на устието 820 м
Речен систем Еуфрат
Мурат (река) се наоѓа во Турција
Извор
Устие
Местоположба на изворот и устието на Мурат

Мурат (турски: Murat Nehri), Источен Еуфрат или Арсаниј (од старогрчки: Ἀρσανίας) — река во Турција и еден од покрупните водотеци што го сочинуваат Еуфрат. Извира кај планината Арарат северно од езерото Ван во источна Турција и тече на запад низ планински предели, во должина од 722 км. Пред изградбата на браната „Кебан“, Мурат се влевал во реката Карасу, 10 км северно од неа и 13 км северно од градот Кебан.[1]

Во покраината Муш, течението е прекинато со браната „Алпаслан-1“, изградена во 2009 г. Во подолниот дел од течението се работи на браната „Алпаслан-2“, чија изградба треба да заврши во 2016 г. На крајот, реката се влева во хидроакумулацијата на Кебан.[2]

Наводи[уреди]

  1. „Фидбал на замрзнатата река“, Turkish Daily News, 31 декември 2004.
  2. „Мурат“. Енциклопедија „Британика“. http://www.britannica.com/eb/article-9054324/Murat-River. конс. 16 февруари 2008. 

Надворешни врски[уреди]