Монголски писма
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Повеќе монголски системи на пишување биле користени во текот на развојот на јазикот. Бројот на писма поврзани со монголскиот јазик одговара со други неколку јазици. Најстариот бил и најуспешниот систем на пишување што се користи и денес. Други писма биле создадени за одредени потреби во одерени времиња. Во 20 век Монголија ја одбра кирилицата за своја азбука поради блискоста со Советскиот Сојуз а и поради поедноставниот начин на пишување со кирилицата.
Содржина |
[уреди] Хитанско писмо
[уреди] Монголско писмо
Класичната вертикална монголска азбука (Монгол бичиг) било едно од многуте системи на пишување создадени за монголски јазик и највеќе користена азбука сѐ до воведувањето на кириличната монголска азбука во 1946. Традиционалното писмо со малимодификации се користи денес во Внатрешна Монголија во Народна Република Кина. Истото писмо се користи и за евенки јазик.
[уреди] Јасно писмо
Јасното писмо (монголски: Тодо бичиг) било создадено во 1648 од будистичкиот монарх Заја-пандита Намхајџимко за пишување на монголски јазик. Било развиено врз база на традиционалното монголско писмо и било создадено сѐ со цел да се прилагоди пишувањето според изговорот на јазикот. Исто така, со ова писмо полесно било преведувањето и транскрипцијата од тибетски јазик и санскритски јазик во монголски јазик.
[уреди] Вагинтара писмо
Друга варијанта била создадена во 1905 година од бурјатскиот монах Агван Доржиев. Со тоа писмо се претендирало да се зацврсти влијанието на рускиот јазик за разлика од монголскиот јазик врз самото писмо. Најзначајна промена било замената на формите на буквите. Сите знаци биле базирани на средновековното монголско писмо. По неколку години, Агван Дорџиев останал без финансиски средства за промовирање на писмото па така останале само неколку книги испечатени со ова писмо.
[уреди] Пагспа писмо
Пагспа писмото или ново монголско писмо било абугида дизајнирано од тибетскиот Лама Дрогон Чогјал Пагпа за монголскиот император Кублај Хан за време на династијата Јуан во Кина.
[уреди] Сојомбо писмо
Сојомбо писмото (Соёмбо бичиг) е писмо развиено од монголските монаси и научникот Богдо Занабазар во 1686 година за пишување на монголски јазик. Истото писмо се користи за пишување и на тибетски јазик и санскритски јазик. Специјален знак од писмото, наречено сојомбо стана национален симбол на Монголија и е дел од знамето на Монголија од 1921 година и на грбот на Монголија од 1992 година.
[уреди] Хоризонтално квадратесто писмо
[уреди] Монголско латинично писмо
Монголското латинично писмо било официјално прифатено на 1 февруари 1941, но по два месеца писмото се повлекло од употреба на 25 март 1941. Според официјалните изјави, писмото се повлекло бидејќи не било познато на населението и не било учено добро. Исто така во изјавите се тврдело дека не ги опфаќа сите звуци на монголскиот јазик и било тешко за користење. Веднаш после овој предлог се прифатила кирилицата како национална азбука.
[уреди] Монголска азбука
Денешната кирилична азбука што се користи во монголскиот јазик е модифицирана кирилична азбука. Азбуката е фонетска и е слична со руската. Разликата помеѓу овие две азбуки е во две букви: Өө /ö/ и Үү /ü/
| кирилица | МФА | Кирилица | МФА | Кирилица | МФА | Кирилица | МФА | |||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Аа | a | Ии | i | Пп | (pʰ ), (pʰʲ ) | Чч | tʃʰ | |||
| Бб | p,pʲ | Йй | j | Рр | r,rʲ | Шш | ʃ | |||
| Вв | w,wʲ | Кк | ( k ), (kʲ ) | Сс | s | Щщ | (stʃ ) | |||
| Гг | ɡ,ɡʲ,ɢ | Лл | ɮ,ɮʲ | Тт | tʰ,tʰʲ | Ыы | i | |||
| Дд | t,tʲ | Мм | m,mʲ | Уу | ʊ | Ьь | ʲ | |||
| Ее | je | Нн | n,nʲ | Үү | u | Ээ | e | |||
| Ёё | jɔ | Оо | ɔ | Фф | ( f ) | Юю | jʊ | |||
| Жж | tʃ | Өө | o | Хх | x,xʲ | Яя | ja | |||
| Зз | ts | Цц | tsʰ |
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
- The Silver Horde: монголски писма
- Монголскиот јазик и писмо
- Inkway Монголска калиграфија
