Прејди на содржината

Мишко Божиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мишко Божиновски
Градоначалник на Општина Битола
На должноста
24 април 1952 – 24 декември 1954
Претходник Борис Трајковски-Лале
Наследник Ѓорѓи Ѓорѓиев-Ѓуц
Лични податоци
Роден(а) 1923
Битола, Кралство СХС
Партија СКМ/СКЈ
Професија економист, политичар

Мишко Божиновскимакедонски партизан, економист и историчар.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во 1923 година во Битола, тогашно Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Основно и средно образование завршил во родниот град. Во 1940 година станал член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Учествувал на Илинденската демонстрација во 1941 година и во септември истата година станал партизан. Бил член на месниот комитет на Сојузот на комунистичката младина на Југославија, а подоцна и на месниот комитет на Комунистичката партија на Југославија. Во 1943 година бил фатен од бугарските власти и осуден на 10 години ригорозна затворска казна. Во битолскиот затвор, заедно со други затвореници, го издавал илегалното рачно пишано списание „Наш пат“. Божиновски успеал да побегне од затворот и со партизаните влегол во Битола на 4 ноември 1944 година.

Во Комунистичка Југославија, Божиновски бил претседател на Месниот синдикален совет, организационен секретар на Месниот комитет, а подоцна и секретар на Сојузот на синдикатите на Македонија, пратеник во Собранието на НР Македонија. Од декември 1952 до октомври 1954 година бил претседател на Градскиот народен одбор Битола. Тој е политички секретар на ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија.

Божиновски станал претседател на Здружението на банки на Република Македонија и бил избран за генерален директор на Комерцијално-инвестициската банка. Во 1966 година, бил испратен од југословенската влада да студира во СССР за да го проучува општественото уредување на земјата. Студирал и банкарство во САД, Канада, Мексико и соседните балкански земји. Предава „Економски систем и економија на деловните организации“. Божиновски е меѓу основачите на проектот и планот за Меѓународната корпорација на инвестиции во Југославија во 1969 година, а во следната 1970 година на Македонско-францускиот координативен комитет за економска соработка.

Се пензионирал во 1987 година.

Божиновски е автор на над 100 трудови од областа на економијата, финансиите, банкарството и повоената историја на државата.

Добитник е на Партизанска споменица од 1941 година.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
Политички функции
Претходник
Борис Трајковски-Лале
Градоначалник на Општина Битола
24 април 1952–24 декември 1954
Наследник
Ѓорѓи Ѓорѓиев-Ѓуц