Михаил Сионидис
| Михаил Сионидис | |
| андартски капетан | |
| Роден | 1870 |
|---|---|
| Починал | 1935 |
Михаил Сионидис или Сонидис (грчки: Μιχαήλ Σιωνίδης или Μιχάλης Σιωνίδης или Σωνίδης) бил андартски капетан, деец на грчката воружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.
[уреди] Биографија
Михаил Сионидис е роден 1870 година во Богданци, тогаш во Османлиската империја. Како деец на грчката воружена пропагнада делувал во Грчиште, Гевгелија и Дојран, против Македонската револуционерна организација.
Сионидис со андартска чета го нападнал селото Марвинци во 1905 година (во нападот бил ранет по што заминал во Гегелија на лекување), како одмаза за нападот на Македонската револуционерна организација врз селото Грчиште во есента 1904 година.
По крајот на Првата балканска војна Михаил Сионидис го напуштич Грчиште, кое било заземоно од српските сили, и се сместил во Мачуково.
Во текот на Втората балканска воjна, грчкиот крал Константинос I го воспоставил своето седиште. Михаил Сионидис е ранен во битките кај Кукуш-Лахна, а во Првата светска војна учествувал во битката при Јаребична, а дејствувал и како разузнавач во тилот на бугарската армија во Струмичко.
Како заслуга кон Грција е одликуван со: Златен крст за храброст, Воен крст и Спомен медал на Македонската борба.
По завршувањето на војната Михаил Сионидис, како претседател на месен комитет во близина на Мачуково ги пронашол остатоците на 9 Евзони убиени за време на Втората балканска војна. Мачуково е преименувано во Евзони, 1927 година, каде што умира и Михаил Сионидис во 1935 година [1][2].