Мирислива цедрела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мирислива цедрела
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Сапуновидни
Фамилија: Махагонии
Род: Цедрела
Вид: Мирислива цедрела
Биномен назив
Cedrela odorata
L.

Мирисливата цедрела (науч. Cedrela odorata) е истополово полулистопадно дрво со височина од 10 до 30 м. Стеблото има дебела сивкасто-кафена кора, со надолжна неправилна гранулација. Има перјесто распоредени сложени листови, групирани кон крајот на гранките, и се со должина од 15 до 50 см, со парови ливчиња од срповиден, ланцеолатен до долгнавест облик, 7-15 x 3-5 см по должина, а основата е косо засечена и несиметрична.

Растението се нарекува и наречена и „шпански кедар“ или „мексикански кедар“, иако не е сродно со кедарот (Cedrus).

Растението се користи за добивање мед во пчеларството, а во дрвната индустрија се користи за изработка на хумидори или фурнир за обвиткување на поединечни пури.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]