Милко Митрески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен обележје за паднатите борци и цивилни жртви во и од Малкоец, меѓу кои е ѝ името на Милко Митрески.

Милко Ников Митрески ( 1920 во Малкоец, Кичевско1 октомври 1943 на Буковиќ (планина)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегувал од сиромашно семејство, кое се занимавало со земјоделство. Како активен младинец и член на СКОЈ во летото 1943 година стапил во редовите на Кичевско - мавровскиот партизански одред. Во септември 1943 година, од слободно Кичево заминал со четата на комесарот Мирко Милески да ја бранат слободната територија на Македонија. Загинал на Буковиќ во борба со Германците и балистите на 1 октомври, 1943 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 83.